Наши ѕвезди

Наташа Беквалац им ги стопи срцата на сите – по Миконос се врати во прегратките на својата ќерка. Гори Инстаграм!

Advertisement

Беквалац се врати од одморот во Миконос

Advertisement

Наташа Беквалац оваа година ги полнеше батериите на преубавиот грчки остров, а по враќањето им се посвети на новите предизвици во животот. Таа во изминатиов период неуморно настапуваше низ целиот регион, а додека беше на Миконос редовно објавуваше фотографии на социјалните мрежи од кои можевме да видиме како ужива во одморот.

Но откако се врати дома, Ната се фрли во прегратките на ќерката Катја, па и тоа заврши на социјалните мрежи.

Advertisement

На видеото може да се види како Наташа се игра со својата едногодишна наследничка во зелениот двор од својот дом, притоа бодрејќи ја постојано да чекори и да се движи без да застане.

Во еден момент Катја трча во прегратките на Ната, а таа силно ја гушка и ја врти околу себе што предизвика бура од реакции.

„А кога ќе дојдам дома тука сме ние!“ напиша таа под видеото што го објави на Инстаграм.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button