Наташа Беквалац ги подигна бикините и ги истакна стомачните мускули – ова е нејзината тајна
За само месец дена пејачката ослабнала 10 килограми - шест дена смее да го јаде само ова
Познатата пејачка Наташа Беквалац со своите објави на кои позира во костим за капење ги воодушеви сите.
Таа веќе со децении плени со својот изглед и според многумина изгледа подобро многу помлади девојки од неа .
Пејачката овој пат објави видео на кое позираше пред огледалото, а во центарот на вниманието беше нејзиното тело.
Фото: Инстаграм/ Наташа Беквалац
Облечена само во костим за капење, Наташа направи хаос на Инстаграм и сите се согласни дека изгледа феноменално.
Фото: Инстаграм/ Наташа Беквалац
Таа во еден момент се приближи до огледалото и малку го подигна костимот, така што во преден план ги истана своите затегнати нозе, но и чоколадниот тен и извежбаните стомачни мускули.
Фото: Инстаграм/ Наташа Беквалац
Наташа во една пригода откри дека и таа како и сите жени води борба со килограмите, но и ја откри својата тајна.
Фото: Инстаграм/ Наташа Беквалац
„Исфрлив печива, компир, соја, грав, боранија, тестенини, грашок, ориз, грицки, благи работи и сокови. Овошје јадев само еднаш неделно. Така успеав да го симнам вишокот килограми за кратко време“, изјави таа.
„Смеев да јадам сите видови на месо, само не смеев премногу мрсно. Јадев јајца на сите начини, млечни производи, но не претерував со кашкавал и фета сирење. Свеж зеленчук внесував во неограничени количини. Најмногу јадев зелка, зелена салата, краставица, карфиол, брокула, кромид и патлиџан, како и јаткасти плодови. Дневно пиев по две и пол литри вода“, изјави Наташа и откри дека клучот се крие во редоследот на внесување на овие намирници.
Фото: Инстаграм/ Наташа Беквалац
„Првите шест дена во неделата јадев сé, од салата до месо, а седмиот ден за појадок и ручек намирници од „забранетата листа“ како тестенини, компир, ориз. Благи работи никако. А кога ќе ми се јадеше некој десерт, ќе земав лажичка мед и интегрален бисквит. После седмиот ден сé од почеток и така до посакуваниот резултат“, раскажува пејачката.
Но покрај правилната исхрана, составен дел од нејзиниот живот се и тренинзите, заради кои го донесе телото до совршенство.
Фото: Инстаграм/ Наташа Беквалац
Како што самата откри, вежба пет пати неделно по 45 минути. Денот и започнува со појадок со ќерките Хана и Катја, па потоа ќе ги однесе на училиште и во градинка, а таа ќе отиде на тренинг.
„Кога физичката активност ќе ви стане дел од вашиот ден, тогаш ќе престане да ви биде тешко и досадно да вежбате. Не сум од оние што тоа го сакаат, но кога ќе видам што сé ми носи вежбањето, не само физички, туку и психички, и не размислувам да прескокнам тренинг“, беше искрена пеачката.