Натали Грубовиќ го прослави вториот роденден на својата ќеркичка – фотографијата од прославата ќе ви го разубави денот
Натали пред две години се оствари во улога на мајка
Натали, ќерката на нашата поранешна бинго девојка Натали Грубовиќ, која што ја доби со нејзиниот сопруг Дрен Глушац прослави роденден.
Натали по роденденот објави фотографија на социјалните мрежи на која можеме да ја видиме нејзината насмевка, но и слатката наследничка.
Натали, која што поранешната бинго девојка ја доби со својот сопруг, бизнисменот Дрен Глушац наполни две години. За таа пригода нејзината мама ја облече во преубаво фустанче во нежна розова нијанса и златни светкави патики.
Натали цело време беше со нејзината препознатлива насмевка на лицето за време на прославата, а носеше интересен фустан во преубава розова нијанса.
Инаку мама Натали има три сестри и сите тие се мајки. Најпрво во улога на мајка се оствари Марија, па Радица, а Натали беше последна. Тие и ден денес се дружат, а нејзината сестра Радица на социјалните мрежи објави и една преслатка фотографија од братучетките.
Од фотографиите можеме да видиме дека мама Натали изгледа одлично и по породувањето таа неодамна беше гостинка и на Модната недела во Нови Сад. Имено, таа со својот сопруг живее во Нови Сад, па не го пропушти настанот на кој се појави во поприлично смело издание.
Натали на црвениот килим се прошета во плисирано здолниште и корсет од црна тантела преку кој носеше зелена кожна јакна.
Таа целото издание го заокружи со тенки високи потпетици и нејзината препознатлива насмевка.