Реклама
Наши ѕвезди

Наталија Ореиро (43) од „Дивиот ангел“ и денес изгледа неверојатно – ПОГЛЕДНЕТЕ како изгледаат и другите актери од серијата

Реклама

Популарната аргентинска серија Дивиот ангел беше една од најнаградуваните телевизиски новели.

Фото: Принтскрин

Серијата беше емитувана во повеќе од 80 земји ширум светот и во секоја од нив постигна огромен успех.

Кај нашата публика стекна огромна популарност уште по првото емитување на телевизија. Гледачите нестрпливо ја чекаа секоја нова епизода за да можат да видат што ќе се случува измеѓу девојката со дива убавина Милагрос која што ја толкуваше фасцинантната Наталија Ореиро и Иво, односно актерот Факундо Арана кој ги мамеше воздишките на многу девојки со својата грациозна појава и шарм.

Маркетинг
Фото: Принтскрин

Големата популарност на серијата веднаш ја претвори Наталија Ореиро во суперѕвезда и тоа не само во Аргентина, туку и далеку надвор од нејзините граници, односно секаде каде што се емитуваше и каде луѓето беа воодушевени од нејзината несекојдневна убавина и харизма.

Фото: Принтскрин

Погледнете како тие изгледаат денес

Маркетинг

Пабло Новак (Боби)

Вероника Виера (Вики)

Брајан Карусо (Гамуза)

Марсело Мазарело (Роки)

Валерија Лорка (Марта)

Маријана Аријас (Андреа)

Наталија во серијата ја глумеше младата и убава Милагрос – девојка со бунтовен дух. Таа беше одгледана во манастир, бидејќи како бебе беше оставена од нејзините родители. Деновите ги поминуваше во наставите со останатите калуѓерки во манастирот и игрите со момчињата од сиропиталиштето, кои ќе ја научат да игра фудбал. Заради тоа Милагрос во серијата се облекуваше како момче, а свештеникот во манастирот ја нарекува Чолито, прекар што ќе и остане засекогаш, па дури и во вистинскиот живот.

Кога ќе наполни 18 години, Мила го напушта манастирот и започнува да работи во домот на Ди Карло – богата и моќно семејство, каде треба да се грижи за мајката на Федерико Ди Карло. Во оваа куќа Мила ќе го запознае шармантниот русокос Иво, роден од љубовта помеѓу Луиза – сопругата на Федерико и француски уметник. Иво не знае за оваа тајна и смета дека е законски син на Федерико како и сите други во семејството.

Милагрос се вљубува во Иво и малку по малку успева да влезе во неговиот живот. На Иво исто така му се допаѓа Мила, но тој ги крие чувствата кон неа.

Факундо Арана

Но пристигнувањето на Милагрос во богатиот дом добива неочекувани последици – таа не само што ќе ја сретне љубовта на својот живот, туку и ќе ја открие вистината за своето потекло. Имено, таа го открива својот татко, прекрасната баба и нејзината сестра. И што е уште понеочекувано – таа го пронаоѓа и братот на својата мајка.

Фото: Инстаграм/ Факундо Арана

Инаку и убавиот Факундо Арана имаше голем број обожавателки. Но поминаа години и години од снимањето на серијата, па времето остави траг на познатите актери.

Имено, популарната серија е снимена во Аргентина во 1998-1999 година. Погледнете како актерите изгледаат денес.

Наталија Ореиро

Познатата уругвајска актерка по неверојатниот успех што го доживеа со оваа улога, се појави во уште многу други серии.

Фото: Инстаграм/ Наталија Ореиро

Таа и Иво беа популарни и по улогите на Мартина и Ла Моните во серијата „Ти си мојот живот“ (Сос ми вида).

Фото: Инстаграм/ Наталија Ореиро

Наталија и Факундо долго време беа во врска и во приватниот живот, но и откако се разделија соработуваат заедно.

Тие и двајцата се занимаваат и со музика, а Наталија пред неколку години заплива и во дизајнерските води. Имено познатата актерка и пејачка, која кај нас најмногу е позната по серијата „Дивиот ангел“, создаде своја модна колекција во соработка со рускиот бренд Zarina.

Фото: Инстаграм/ Наталија Ореиро

Шармантната 43 годишна актерка тогаш сними и празнична кампања во која самата ги презентираше креациите.

Фото: Инстаграм/ Наталија Ореиро
Фото: Инстаграм/ Наталија Ореиро
Фото: Инстаграм/ Наталија Ореиро
Фото: Инстаграм/ Наталија Ореиро
Фото: Инстаграм/ Наталија Ореиро
Фото: Инстаграм/ Наталија Ореиро

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button