Насмевката на неговото лице КАЖУВА СЀ: Порасна синот на Ребека – ПОГЛЕДНЕТЕ каква роденденска забава му организираа
Убава причина за славење имаше во домот на македонската пејачка, а насмевката на лицата кажува сѐ.
Ребека Јанковска Ристески својта музичка кариера ја започна уште релативно млада, а кон крајот на 90-те беше вистинска ѕвезда во Македонија.
Нејзините хитови ги знеја сите наизуст, а беше нејзините видео записи беа секогаш оригинални и поразлични.
Денес, сѐ уште се нема откажано од својата љубов-музикаа, но е максимално посветена на своето семејство.
Со нејзината борбеност и храброст, елува мотивирачки за сите кои се соочуваат со исти или слични проблеми како нејзините.
И покрај многу тешкотии, насмевката е нејзиниот заштитен знак.
Секогаш ведра и раположена за разговор.
Од 2006 година е во брак со докторот Мики Ристовски, а круна на нивната љубов, се нивните три деца, Маркијан, Доротеј и Макариј.
Иако ретко зборува за приватниот живот, за борбата со болест на нејзиниот прв син секогаш отворено и гласно зборува, се со цел некому да помогне.
Кога Маркијан имал само 3 месеци првпат добил епилептични напади. Понекогаш знаел да има и по 100 напади на ден, а а неговото лекувње потребни биле многу пари.
Тој страда од туберна склероза, но има прекрасно семејство кое прави сѐ што е во нивна моќ за да му помогнат и да му го олеснат животот.
Пејачката не испушта да каже дека освен од сопругот, помош во воспитувањето на децата добива и од нејзината мајка и од свекрвата.
Најголема сила добива само од вербата во Бога. Како што сама често знае да изјави, молитвите ѝ помогнале да ги издржи најтешките моменти.
Ребека, како една од основачите и претседателка на здружението „Дајте ни крилја“, направи многу за да се подобрат условите за живот на лицата со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби, а најмногу за тоа, многу од нив да ја добијат потребната, најчесто прескапа терапија која се најде на позитивната листа на ФЗО.
Децата како Маркијан многу потешко ги прифаќаат новите работи и токму затоа како што вели пејачката, Маркијан веќе 10 години слуша едни исти песни. И покрај обидите на неа и нејзиниот сопруг да му вметнат нешто ново, тој одбива. Многу потешко се снаоѓа сам и скоро за се му треба помош, па пејачката постојано мора да биде активна и да притрча на помош.
Епилептичните напади вели пејачката повеќе ги нема.
Деновиве во домот на пејачката имаше убва причина за прослава. Маркијан наполни 16 години.
Семејството со најблиските и многу дечиња, роденденот на Маркијан го прослави во еден скопски локал.
Ребека на својот Фејсбук профил објави фотографии и видео од прославата, на кое сите деца му пеа роденденска песна на Маркијан во еден глас.
Во опис напиша:
„Најсреќниот ден на Маркијан! Прекрасен роденден мил мој! Ви благодариме на сите што дојдовте на нашата забава! Да си среќен! Господ да те благослови со среќа и луѓе кои те сакаат до крајот на животот! Среќен Роденден! Среќен именден,утрешен Св.Маркијан!“
ФОТО: Фејсбук / Ребека Јанковска Ристески