Насмеани и пресреќни: Јордан Митев и неговата сакана НА ЗАСЛУЖЕН ОДМОР – по бањарки си уживаа во коктелите

Македонскиот пејач на фолк музика и неговата сакана заминаа на заслужен одмор.

Насмевката на лицата на Јордан и неговата Славица е доказ дека парот максимално ужива.
Јордан Митев во моментов е еден од најдобрите музичари кои земјава ги има.

Важи за голем професионалец и музички добро поткован пејач.
Го сакаат и стари и млади, а во дијаспората го обожаваат.


Она што можеби малкумина го знаат е тоа дека Јордан свири на повеќе инструменти како хармоника, пијано, кавал, гајда, а посетувал и часови за надградба и едукација на неговиот глас.
Јордан потенува од радовишко Подареш и секогаш со голем жар во очите и љубов зборува за своето родно место.

Каде и да се оди, секогаш таму се враќа.
Социјалните мрежи ги користи за да ги најави своите настапи, а понекогаш знае да сподели фотографии од своето секојдневие.

 Токму затоа сега ги изненади фановите, со најновите фотографии.
Токму затоа сега ги изненади фановите, со најновите фотографии.
Не сака многу да зборува за приватниот живот и она што за него е знае е дека неколку години е во брак со преубавата Славица, која е Македонка од Австралија.
Пред да стапат во брак тие година ипол биле во врска. Се запознале во Австралија, родната земја на Славица.


На почетокот тие одржувале врска на далечина, Австралија-Македонија, но Митев успеал да ја убеди својата сакана и сега живеат заедно во неговото родно село Подареш.
Пејачот работеше напорно изминатиов период, па тому затоа одлучи да си даде оддишка и замина на заслужен одмор заедно со саканата.

Тие се одлучија за родната земја на Славица, па пејачот сподели и фотографии од нивните авантури.
Насмевката на лицата на Јордан и неговата Славица е доказ дека парот максимално ужива.
До толку се опуштија што на пијалок заминаа само по бањарки. Пејачот досега го немаме видено во вакво издание.
Погледнете:


ФОТО: Фејсбук / Јордан Митев

ФОТО: Фејсбук / Јордан Митев

ФОТО: Фејсбук / Јордан Митев

ФОТО: Фејсбук / Јордан Митев

ФОТО: Фејсбук / Јордан Митев

ФОТО: Фејсбук / Јордан Митев

ФОТО: Фејсбук / Јордан Митев

ФОТО: Фејсбук / Јордан Митев

ФОТО: Фејсбук / Јордан Митев

ФОТО: Фејсбук / Јордан Митев

ФОТО: Фејсбук / Јордан Митев

ФОТО: Фејсбук / Јордан Митев
 
 



