Наследничката на Цеца го запали Инстаграм – тесен фустан кој ги истакнува облините и во кој секоја жена ќе изгледа феноменално
Младата пејачка ги израдува сите со своите нови фотографии
Ќерката на Цеца, Анастасија Ражнатовиќ, покажа какви костими за капење избра ова лето и кои бои и се омилени. Таа редовно објавува фотографии на социјалните мрежи од кои можеме да забележиме дека секогаш е во чекор со трендовите и изгледа убаво во секоја пригода.
Нејзиниот моден стил многу девојки радо го копираат, а овој летен фустан воодушеви многумина. Пејачката блескаше во тесниот женствен модел во силна црвена боја со кој никого не остави рамнодушен. Покрај црната коса и исончаниот тен, фустанот ги привлекува погледите и го става нејзиното занесно тело и облини во преден план, посебно во ова издание.
Таа го носеше со бисерен накит и тенки златни прстени, а целото издание го заокружи со бел маникир и црвен кармин.