Наши ѕвезди

Наследничката на Соња и Јохан направи „џумбуш“ на социјалните мрежи – имаме нова музичка ѕвезда

Мелани со новиот спот го вжешти интернетот

Advertisement

Ќерката на Соња и Јохан Тарчуловски, Мелани, ја објави својата нова песна и ги изненади своите бројни фанови.

Наследничката на познатата фолк-пејачка не само што тргна по стапките на својата мајка, туку за кратко време стана и една од омилените пејачки од помладата генерација во Македонија.

Advertisement

Овој пат Мелани ги изненади сите со спотот за новата песна Камерон, но и со своето издание со кое се појавува во видеото.

Промо

Пејачката сама го напиша текстот за оваа своја нумера, како и музиката, додека аранжманот е на Мите Стоилков.

Advertisement

„Горе, доле, овде немаш место, земај ствари, тоа твое, малку простор, малку крај, па кревам поглед горе, се вртам и одам без срам по твоите стапки“, вели на почетокот од својата нова песна Мелани.

Промо

Некои кадри од спотот се снимени во Тунис, а останатиот дел во Скопје, а во сите нив Мелани изгледа прекрасно.

И ако судиме според реакцијата на публиката, оваа млада пејачка веќе има уште еден серозен хит пред себе, впрочем како што беше и со нејзината претходна песна „Con el Diablo“ со која исто така ги воодушеви своите бројни обожаватели на социјалните мрежи.

Промо

„Браво Мелани, само напред“, „Прекрасна“, „Врв“, се само некои од нивните коментари под нејзините објави.

Фото: Инстаграм/ Мелани

Фото: Инстаграм/ Мелани

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button