Наследничката на Маја и Дарко Панчеви ги освојува модните писти – ПОГЛЕДНЕТЕ во каква убавица порасна и на кого личи
Помалата ќерка на славниот македонски пар порасна во вистинска убавица и почна да се занимава со манекенство.
Маја и Дарко Панчеви се повеќе од 25 години во брак, а важат за еден од најскладните парови во земјава.
Не се многу активни на социјалните мрежи, а и се трудат да стојат на страна од јавниот живот.
Сепак и понатаму се актуелна тема во јавноста и народот сака да знае сѐ за нив.
Иако не снима нови песни, музиката и понатаму е дел од секојдневието на Маја.
Таа сега е вработена во МОБ, а нејзините фанови и понатаму очекуваат нешто ново од неа.
Она што може да се забележи е тоа дека времето како да запрело за неа.
Младешкиот изглед е синоним за неа. И понатаму зрачи со харизма и убавина.
Плод на љубовта помеѓу неа и Дарко се нивните 2 ќерки, Надица и Марија.
И двете пораснаа во вистински убавици, кои ги наследиле само убавите карактеристики од мама и тато.
Постарата ќерка на Маја и Дарко, Надица (21), која во јавноста стана позната откако се појави во нејзиниот спот за песната „Сонам“, не сака да се експонира во јавност и стои подалеку од фотообјективите.
Надица студира јазици на Филолошкиот фаукултет.
За разлика од неа, нејзината помала сестра и покрај тоа што е одлична ученичка, таа е и фото модел.
Марија Панчева (16), во последно време предизвикува изненадување кај фановите со секоја своја фотографија што ќе ја објави на социјалните мрежи.
Младата девојка долго време се криеше од светлата на рефлекторите, но сега се почесто можат да се видат покрај приватните и нејзини професионални модни фотографии што ги споделува со фановите.
Марија секогаш изгледа елегантно и префинето, облечена во тренди парчиња типични за нејзината генерација.
На лицето ретко има премногу шминка, нагласувајќи го својот природен изглед и преубави кафеави очи.
Се чини дека Марија ја чека голема светска кариера, а таа веќе на големо професионално се занимава со манекенството.
Нејзината мајка се пофали на Инстаграм и ја покажа својата ќерка додекс позира кaко дел од модна кампања.
Погледнете и сами проценете на кој повеќе личи:
ФОТО: Инстаграм / Марија Панчева
ФОТО: Инстаграм / Марија Панчева
ФОТО: Инстаграм / Маја Гроздановска Панчева
ФОТО: Инстаграм / Маја Гроздановска Панчева
ФОТО: Инстаграм / Маја Гроздановска Панчева
ФОТО: Инстаграм / Маја Гроздановска Панчева
ФОТО: Инстаграм / Марија Панчева
ФОТО: Инстаграм / Марија Панчева
ФОТО: Инстаграм / Марија Панчева
ФОТО: Инстаграм / Марија Панчева
ФОТО: Инстаграм / Марија Панчева
ФОТО: Инстаграм / Маја Гроздановска Панчева
ФОТО: Инстаграм / Маја Гроздановска Панчева
ФОТО: Инстаграм / Маја Гроздановска Панчева
ФОТО: Инстаграм / Маја Гроздановска Панчева