Наследничката на Анета и Џими од „Молика“ порасна во вистинска убавица – еве на кого личи повеќе
Една фотографија, милион зборови
Ретко ги гледаме заедно во јавноста, но не и на социјалните мрежи
Еден од нашите најубави вокали, Анета Љумаковска, ги изненади сите со последната објава на социјалните мрежи.
Имено, таа сподели фотографија на која е со својата ќерка која што ја доби од бракот со поранешниот сопруг Џими Мицевски.
Од фотографијата можеме да видиме дека нејзината наследничка пораснала во вистинска убавица, но и дека личат една на друга.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
И како што ќе забележат многумина, тие изгледаат дури и како сестри, посебно додека Анета имаше црна коса.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
Потсетуваме, Анета од неодамна се придружи на таборот на русокосите, а сите се согласни дека промената и стои одлично.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
Тоа впрочем можевме да го видиме и од нејзините последни објави, за кои секогаш добива дузина комплименти.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
Од овие причини, неодамна поразговаравме со Анета на најразлични теми, а меѓудругото и за нејзиниот стил, па на прашањето кој е виновникот што таа блеска се повеќе и повеќе во последно време популарната пејачка ни го даде следниот одговор:
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
„Точно е дека секоја јавна личност треба да внимава на комплетниот изглед бидејќи сцената го бара тоа. Покрај гласот, треба и да изгледа убаво. Секако дека имам луѓе кои се грижат за мојот изглед и тоа не само од женска страна, туку и од машка страна, бидејќи треба и тоа да го запазиме, да биде убаво пристојно впечатливо секси, но сепак пристојно и културно“, изјави тогаш Анета.
Целото интервју со Анета прочитајте го тука...