Реклама
Наши ѕвезди

Наследникот на Ѓорѓе Иванов е опасен фраер – млад интелектуалец што би ја освоил секоја дама

Но „за жал“, тој е во среќен брак и ужива во семејниот живот

Реклама

Неколку стихови напишани од синот на Ѓорѓе Иванов што ќе го воодушеват секој вистински Македонец…

Поранешниот претседател на Македонија, Ѓорѓе Иванов, и покрај тоа што својата приватност ја чуваше далеку од очите на јавноста, покрај неговата сопруга Маја внимание привлекуваше и неговиот син Иван, кој денес е врвен интелектуалец, горд татко и сакан сопруг.

Наследникот на претседателот и денес е поприлично популарен на социјалните мрежи, а неговите објави привлекуваат внимание.

Маркетинг

Фејсбук/ Ѓорѓе Иванов

Тој тргна по стапките на својот татко и по завршувањето на Политичките науки работи како професор на Меѓународниот балкански универзитет, а воедно е и извонреден поет и вљубеник во музиката.

Маркетинг

Иван на социјалните мрежи често ги споделува своите политички ставови, но и неговите поетски творби.

Фејсбук/ Иван Иванов

Една од нив Иван сподели и неодамна, а повеќе од сигурни сме дека стиховите во неа нема никого да остават рамнодушен.

НАМЕСТО МАНИФЕСТ
Иван Иванов

Ако сакаме сè да остане исто, тогаш
нешто мора да се промени.
Џузепе Томаси ди Лампедуза

Дојдете,
Дојдете со пароли да го прекриеме светот
Да раскинеме тапан од торжествен занес
И со јуриш да влетаме одново в живот

Дојдете под бајракот,
збијте се под виорот на бојот
Овде Светото на световното му е сенка
И овде секоја прашинка в земја има име.

Дојдете стари,
Зберете се младинци и жени и мажи
Онаму кај што живеачката е поделена во двата света
Кај што востанија под земја се креваат уште

Дојдете од мерак,
Дојдете од инает ако ви е ќеф
Нека почитта кон себе одново се роди
Која од човека повторно ќе создаде Човек.

Дојдете мудрост сте,
збијте се под пазувите на мечтите
под заветот на предците
под долгот кон неродените.

Дојдете в мугри ил штом падне мрак
Да најдам ортак за својата цел
Да споделам вино, да соѕидам копнеж
И од пепелта свијам пак идеал.

Дојдете вљубеници во родот свој,
Дојдете да си повториме.
Од историјата ние поука не извлековме
И во истите стапици доброволно влетавме.

Дојдете земјаци,
Секој со алатот свој
Република одново треба да се гради
Ко што на стари темели пак храмови никнат.
Дојдете како што е ред
Дојдете, јас ве молам
Да откопаме под урнатините животворни мошти
Што се таложеле во веки веков па над векои и
за навек.

Дојдете, долетајте
Побрзајте, не искушувајте се
Овде на вистината ѝ требаат соборци,
На црвената пролет нови пркоси.

Дојдете браќа
Дојдете сестри,
Дојдете дур е време
И дур ова семе в црнила не е.

Дојдете поредени во марш
Ве гледам, скоро сте тука
Итајте ко бура што како вулкан вие
И која дур не уништи душман да стивне нема.

Дојдете и не тажете,
Ќе преживееме ние, и оние кон кои креваме бој
Нека срамот им колва утроба одново секоја мугра
И нека служат за потсмев и откога ќе им мине век.

Дојдете знам дека нè има,
Бројни сме, нам не ни треба попис.
Чим од секое грло громогласно слушнам: „Ура“
Ќе знам дека повторно ќе бидеме свои.

Ѓорѓе Иванов на Фејсбук

И неговиот татко кој беше претседател на Македонија од 2009 до 2019 споделува моменти од своето секојдневие на Фејсбук, а неодамна сподели една фотографија што ги воодушеви сите.

Фејсбук/ Ѓорѓе Иванов

На неа е семејството Иванови во проширен состав – со синот Иван, снаата Јана и внукот Ѓорѓе Иванов – Јуниор кој ги освои срцата на сите.

Фејсбук/ Ѓорѓе Иванов

Најмладиот член во семејството пристигна во април 2022 година, така што тие за едно месец дена ќе го слават неговиот втор роденден.

Иван и Јана во февруари истата година ја озаконија нивната љубов, откако ја запроси во октомври 2021, а фотките од снаата во розовиот фустан се уште се вртат на социјалните мрежи.

Принтскрин/ Инстаграм

Фотографии од овој настан тогаш објави и таткото на Јана, Атанас Кочов, кој исто така е универзитетски професор и поранешен декан на Машинскиот факултет во Скопје.

Тој беше и првиот што тогаш ја сподели радосната вест, а овие фотографии се уште стојат на неговиот Фејсбук.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button