Мила Јововиќ е пресреќна што на 44 години остана во блажена состојба и што наскоро треба да роди девојче.
По тешкото искуство од пред неколку години кога го изгуби бебето, таа беше преплашена кога дозна дека повторно е бремена, но по сите прегледи и уредни резултати сега гордо го носи својот стомак, а изгледа и како да не е премногу загрижена за својот физички изглед.
Таа беше фотографирана токму за Божиќ додека се шеташе низ Беверли Хилс со својата постара ќерка и сопругот Пол Андерсон.
„Оваа бременост има и свои предности, бидејќи повторно имам гради, што е одлично за жена која секогаш изгледаше како даска“, се пошегува на своја сметка познатата холивудска актерка на почетокот од декември.
Мила изгледа сјајно иако има минимална шминка на лицето, а нејзиниот стомак е поприлично голем. Бидејќи нозете и се отечени, рамните чевли се одличен избор за пред крај на бременоста – имено, ѕвездата од филмот „Петтиот елемент“ треба да се породи во февруари.