Реклама
Холивуд

Наскоро трето продолжување на серијата „Сексот и градот“?

Реклама

Третото продолжение на филмот „Сексот и градот” можеби нема никогаш да се случи, но се поизвесно е дека ќе има ново продолжение на серијата.

Имено, авторката Кендис Бушнел ќе издаде нов роман насловен како „Дали се уште постои секс во градот?”, кој веќе под своја капа го зема продуцентските куќи „Paramount Television“ и „Anonymous Content“.

Маркетинг

Телевизиски серија која ќе ја работи и во која „Bushnell“ ќе ја преземе улогата на извршен продуцент и ќе го напише сценариото за пилот епизодата, исто така, ќе го следи животот на њујоркчанките – нивното пријателство, врската и бракот и сексуалниот живот. Главната разлика меѓу новата и оригиналната серија ќе биде во годините на ликовите, кои во новата серија ќе бидат во своите 50-ти и 60-ти.

Маркетинг

Никол Клеменс, претседателка на „Paramount TV“, изјави дека се воодушевени што можат да ја продолжат приказната, овој пат со недоволно застапени ставови на жените во нивните 50-ти и да одговорат на прашањето:

„Да, во градот се уште има секс”.

Никогаш не било вака. Порано за оние што имале 50 + години тоа значеше почетокот на пензионирање – помалку работа, повеќе време со своето хоби, со пријателите, кои се како тебе и се лизгаат во лежерен начин на живот.

Накратко, луѓето во овој период од животот немаа многу што да прават, освен да стануваат се постари. Од нив никој не очекуваше да вежбаат, да започнат нови деловни зафати, да се преселат во други држави, да имаат секс без обврски со странци и да започнуваат се од почеток. Но токму така денес изгледа животот на многу жени кои имаат 50 и 60 години и јас сум воодушевена бидејќи ја рефлектираме сложеноста на нивниот живот на хартија и сега на екран, вели таа.

Серијата Сексот и градот се прикажуваше од 1998 година до 2004, а главната улога ја играше Сара Џесика Паркер. Подоцна се снимаа и два филма – во 2008 и 2010 година. Во новата серија никој од старите јунаци нема да се појавува.

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button