Наскоро и најпознатиот холивудски ерген ќе скокне во тавче?
Дојте време и тој да застане пред олтарот….

Ако им веруваме на странските медиуми, познатиот холивудски актер Леонардо ди Каприо наскоро ќе скокне во тавче. Тој веќе осум месеци е во врска со манекенката Камила Мороне, а според пријателите на познатиот пар Леонардо досега никогаш не сакал некоја како неа, па сите се надеваат дека наскоро ќе застане пред олтарот.

Имено, дваесет и едногодишната манекенка Камила е ќерка на популарната аргентинска актерка Лусила Соле која е на возраст како и Леонардо, а во светот на шоубизнисот е позната по врската со неговиот колега, Ал Пачино.

Познатиот ерген последните неколку години постојано ги менуваше девојките, и тоа во главно млади манекенки, но по се изгледа дека во убавата Аргентинка Камили ја пронајде својата сродна душа. Тие летото го минаа на крстарење покрај крајбрежјето на Италија, а како се ближи есента се погласни се шпекулациите дека наскоро ќе прават свадба.



