Реклама
Рецепти

Направете лимонада со лаванда – одличен освежителен сок против главоболка и стрес

Реклама

Лимонадата со лаванда е еден од најприродните лекови против главоболка која телото го доведува во баланс.

Лимонадата се подготвува од исушени цветови или од етерично масло од лаванда. Покрај тоа што претставува одлично освежување во топлите летни денови, лимонадата со лаванда може и да ги опушти сите ваши сетила. Како растение пак, лавандата се користи како хемиско сретство за дезинфекција, антибиотик и како антивирусен лек. А доколку имате проблем со главоболка која што може да се појави поради честата промена на времето, секако дека треба да го пробате овој лековит рецепт. Не само што ќе ги смири симптомите, туку и целото тело ќе го доведе во баланс.

Маркетинг

Цветовите од лавандата се богати со етерични масла кои содржат преку 150 активни состојки. Можат да делуваат против габи, запаленија, бактерии, депресија и микроорганизми, грчеви, го прочистуваат организмот, го намалуваат крвниот притисок и имаат аналгетски и седативни својства.

Маркетинг

Лавандата е одлично средство за заштита од болести и инфекции. Бројни студии докажаа благотворно влијание и на етеричното масло од лаванда во ситуации на силен стрес, и тоа до таа мера што во некои познати болници ароматерапијата со масло од лаванда е прифатена како терапија во предоперациската подготовка на пациентот.

Состојки

¼ шолја исушени цветови од лаванда (органски одгледана е најдобра или набрана во планина). Можете да користите и една капка од етерично масло од лаванда

6 исцедени лимони
Филџан мед
5 шолји вода

Подготовка

Сварете половина од водата и додадете мед и лаванда. Потоа оставете нека отстои 20 минути, па процедете и ставете во поголем сад. Додадете го сокот од лимон, остатокот од водата и добро промешајте.

Изладете убаво пред да послужете.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button