Наполни 69 години и облече „минич“ и високи потпетици – за неа НЕ постојат препреки!
И покај годините таа ги следи трендовите
Откако стана жена, Кејтлин Џенер (69) не престанува да ги покажува своите атрибути во јавноста. Строго се грижи за нејзините нокти, а и косата и кожата и се исклучително негувани. Таа се облекува најнормално и оди во шопинг во одличен стил. Така беше и овој пат. Имено, поранешниот атлетичар и сегашна ријалити ѕвезда, папараците го забележаа во Калабасас за време на божиќниот шопинг.
За таа прилика, Кејтлин носеше краток џемпер-фустан во црна и виолетова боја. Високи, црни салонки со кои ги издолжи нејзините мускулести нозе, но и целулитот и опуштената кожа на бутовите кои краткиот фустан не можеше да ги сокрие.
Совршено маникирани раце, беспрекорна шминка, дијамантски обетки и темни очила даваат впечаток дека Џенерката внимателно се грижи за она што го носи и како се облекува кога излегува во јавноста.
Можеби таа е родена како маж, но сега дефинитивно се однесува и негува како жена.
Инаку, ова е ретка можност Кејтлин да бие видена без нејзината свршеница Софи Хачинс.