Наполни 60 години – Брена славеше роденден, а идната снаа на ПРОСЛАВАТА дојде со гoл стомак и го украде шоуто
Голема прослава во куќата на Лепа Брена, честитки пристигаат од сите страни
Легендарната фолк-пејачка Лепа Брена вчера наполни 60 години, а нејзиниот сопруг, бизнисменот Боба Живојиновиќ, ја изненади со интимна прослава што ја организираше, а за која што таа не беше известена.
На веселбата на масата беа послужени морски плодови, се пиеше шампањско, а на прославата беа и други познати ѕвезди.
На роденденот се појави и најмладиот син на Брена, Виктор Живојиновиќ, заедно со својата убава девојка Сандра Миљаковиќ. Таа носеше интересно модно издание заради кое беше во центарот на вниманието на прославата, а како изгледаше погледнете во продолжение.
Таа за оваа специјална пригода избра тесни фармерки со низок струк и куса („кроп-топ“) блуска со што го истакна paзгoлeниoт cтoмaк во преден план.
Идната снаа на Брена целото издание го зачини со металик високи потпетици и „оверсајз“ сако во кое изгледаше како вистинска дива. .
Во продолжение погледнете како изгледаше и славеничката на роденденот, но и детали од прославата.
Од фотографиите и видеата што на социјалните мрежи ги сподели пејачката Александра Пријовиќ можеме да видиме дека сопругот на Брена танцуваше со славеничката, и’ ја бакнуваше раката и направи одлична атмосфера која се случи во еден познат белградски ресторан.
Брена посебно се воодушеви кога келнерот ја донесе тортата и цело време не ја тргаше насмевката од лицето.