Реклама
Портрети

Нанушка – моден бренд од Будимпешта кој е хит во целиот свет

Реклама

Позна по своите женствени модели и вештиот спој на истокот и западот унгарскиот бренд на модната дизајнерка Сандра Сандор стана омилен и меѓу ѕвездите на уличната мода, уредничките на модните списанија но и дамите од холивудската А-листа.

Брендот Нанушка (Nanushka) е оформен во 2005 година од страна на дизајнерката Сандра Сандор за време на нејзините студии во Лондон, но дури пред неколку години ќе стане светско име на модната сена.

Маркетинг

Родена и порасната во Будимпешта, Сандра сакаше да создаде моден бренд со кој успешно би го спила источниот и западниот стил на облекување. „Она што ме поттикнува како дизајнер е идејата да создадам мост измеѓу оддалечените културни референци од различни времиња и поднебја“ признава познатата унгарска дизајнерка која со секоја своја колекција се обидува да создаде рамнотежа и склад во судирот на културите.

Маркетинг

Првите седум години од создавање на брендот, Нанушка својата облека ја продавала на локалните потрошувачи во Будимпешта, за да потоа почне да ги продава своите креации и на меѓународно ниво, пред да влезе во поголема и многу поуспешна стратегија на глобалниот раст.

Имено, облеката со потписот на овој моден бренд денес се продава во најпознатите модни продавници на интернет како „MyTheresa“, „Net-a-Porter“, „Liberty“, „Browns“ и „Selfridges“.

Во 2016 година, Нанушка и официјално се вклучи во освојувањето на глобалниот моден пазар со тоа што стана еден од брендовите кои под будно око беа проследени од влијателни членови на глобалната модна сцена. Во февруари 2018 година, брендот Нанушка ја претстави својата прва колекција како дел од Њујоршката модна недела.

„Кон крајот на 2016 година, мојот животен партнер Питер ми се придружи во бизнисот како извршен директор на брендот, па така го создадовме нашиот семеен бизнис. Одлучивме да спроведеме поамбициозна стратегија за раст што вклучуваше поголемо глобално присуство и целосно ребрендирање со цел да создадеме вистинската модна куќа “, открива дизајнерката.

Нивната презентација на модната линија на Нанушка пред клучните претставници на медиумите и модните купувачи се покажа како голем успех, за кој Сандра смета дека е нејзиниот најважен момент во кариерата како дизајнерка.

Дури и ако за прв пат се сретнувате со името Нанушка, сигурно некои парчиња од овој бренд од Унгарија досега сте ги виделе како ги носат бројни познати дами. Тука пред се мислиме на влијателните модни блогери Камил Шари, Каролин Иса, Лиза Аикен, Луси Вилијамс, заедно со холивудските ѕвезди како на пример оскаровката Шарлиз Терон и познатата манекенка Џиџи Хадид, кои се само дел од славните дами што ја сочинуваат големата армија обожавателки на креациите со потписот на овој моден бренд.

Поврзано

Back to top button