Наместо споменици и панорамско тркало време е да го изградиме акрополот на Белазора
Белазора е главен град на Пајонците, народ кој се споменува во хомеровата Илијада (книга која е многу постара од Библијата), а се наоѓа во непосредна близина на Свети Николе
Во прашање е пајонски град, од раноантичкиот период . Пајонците уште во 6 и 5 век пред нашата ера ковале свои пари, а се спомнати и во Илијадата на Хомер – тие се бореле на страната ан Тројанците против Ахејците (што значи дека пајонските племиња се староседелци, за разлика од грчките племиња) . При походот на Персија на античка грција нивните војски стигнале и на територијата на Пајонците (околу 511 година п.н.е.), а Херодот раскажуцва дека тоа било заради нивните убави и вредни жени.
Замислете сега кога во некоја развиена западна земја би имале локалитет кој на било кој начин е поврзан со делото на Хомер?! Замислете само колку и на кој се’ начин би го искористиле тоа за развој на туризмот во својата земја…
Но, како што тоа обично се случува кај нас, овој локалитет е оставен на забот на времето. Наместо тоа потрошивме милиони на споменици, мостови кои не водат никаде, барокни фасади од гипс и фонтани кои не функционираат …