Наместо раце Господ и даде крилја, па нејзината мајчинска љубов е фасцинантна – еве како Дејана го храни своето бебе (фото)

Нејзинта објава никого не остави рамнодушен…

Импресивната Дејана Бачко која на социјалните мрежи е позната како „Девојка со крилја“ неодамна се оствари во уште една многу важна улога во нејзиниот живот.
И покрај тоа што е родена без раце таа е сликарка и шампионка во паратеквондо, а се занимава и со стрелаштво. На Инстаграм е позната по своите инспиративни приказни, а пред неколку дена се оствари и во улога на мајка.
Имено, таа и нејзиниот партнер Марко Нежиќ деновиве го добија нивното прво дете, па сега редовно на Инстаграм објавуваат заеднички фотографии со бебето.

Тие на девојчето м го дадоа името Лара, а Дејана во една пригода откри и како се снаоѓа во бројните ситуации со приновата.

Таа објави и видео на кое се гледа како го храни своето мало жапче и истото предизвика бура од реакции.
„Јас научив се да правам со нозете, така што за мене само небото е граница. Не сум за џабе Девојка со крилја. Ова име го користам затоа што можам да полетам каде и да посакам. И затоа што наместо раце имам крилја, јас така се доживувам самата себеси“, изјави таа во една пригода за РТС.

Таа сега објави и видео на кое се гледа како го храни бебето покажувајќи дека мајчинската љубов нема граници.

Многумина беа воодушевени од нејзината објава.
„Кога ќе видам нешто вакво секој пат самата на себеси би си удрила шамар кога ќе кажам дека нешто не можам, дека ми е тешко и дека сум изморен. Секоја чест мамичке“, „Мајка е само една и никој не може да ја замени“, „После некој нека каже дека нешто му е тешко во животот“, „Браво за Дејана, ти си големи инспирација“, беа само некои од коментарите.
Фото: Инстаграм/ Дејана Бачко
Фото: Инстаграм/ Дејана Бачко
Фото: Инстаграм/ Дејана Бачко
Фото: Инстаграм/ Дејана Бачко
Фото: Инстаграм/ Дејана Бачко
