Наковска некогаш и сега – потсетете се како изгледаше пејачката во најгледаната ријалити програма на овие простори (фото)
„Никогаш не сум се будела со толкава радост”
Малкумина можеби паметат дека нашата популарна пејачка беше дел од регионалното реално шои Големиот брат.
Фолк пејачката Анета Наковска отсекогаш важела за искрена, директна и жена без влакна на јазикот која секогаш отворено ќе го искаже своето мислење и став, без оглед на последиците.
Таква е до ден денес.
Иако ретко се појавува на интервјуа и во емисии, сепак е многу активна на социјалните мрежи, каде често ја кажува својата критика за актуелните случувања.
Мора да се признае дека пејачката изгледа идентично како и на почетокот на кариерата.
Нејзе годините не ѝ можат ништо. И понатаму е згодна и неодолива.
А, што се однесува до нејзината музика, публиката и тоа како е жедна за нешто ново од неа.
Веселбите и прославите на кои таа настапува секогаш поминуваст незаборавно.
Анета веќе долги години е во среќен нрак со својот сопруг Спиро Крлевски, чија љубов е подеднакво иста како и на почетокот. Парот понекогаш објавува и фотографии на кои може да се забележи дека уживаат во секој момент поминат заедно.
Спиро е Македонец кој живее во Америка, па на почетокот нивната врска се сведуваше на релација Македонија-САД.
Сега откако се во брак, пејачката живее со него во Америка.
Во една прилика Наковска откри дека партнерот не само што ѝ дава максимална поддршка во градењето на естрадната кариера, туку дека и директно е вклучен во креативниот дел.
„Мојот маж се потпишува како косценарист и корежисер на видеозаписот за „Да се родат дечиња“. Спиро покажа неверојатен талент, смисли прекрасна приказна и одбра уникатни локации“, откри во една прилика пејачката.
Слободното време парот го користи за одмор во својата луксузна куќа во охридското село Велгошти.
Куќата е цела изградена од камен, а особено впечатлив е големиот дневен простор со внатрешен базен. Комбинацијата на бетон, греди и локален камен на целокупната градба и даваат специфичен изглед кој претставува спој на модерната и рустикалната архитектура.
Пејачката одлучи да го спои убавото и корисното, па дел од својот дом претвори во ресторан.
Пејачката сподели и фотографии од својата куќа-ресторан и амбиентот сега на лето. Мирно место, совршено за да се избега од градскиот метеж и високите температури.
Деновиве пејачката се потсети на своето учество во реалното шоу Големиот брат ВИП во 2013 година, кога учесрвуваа само популарни личности од Балканот.
Секако, со својот темперамент и дирекрност не остана “должна” на ничија провокација.
Таа сподели и фотографии од тој период и потсети на што најмногу се радувала додека престојувала во куќата.
„Мислам дека никогаш во животот не сум се будела со толку радост како во таа седмица во куќата на Големиот брат кога секое утро нѐ будеа со песната Пада Влада!!
Па тоа беше играње, журкање од сѐ срце, најпрекрасно чувство и од сите можни игри и забавни задачи кои ги имавме, ова ми остана во најубаво сеќавањњ и сѐ некако се надевам дека тоа ќе се случи во догледно време.
Инаку таа седмица си игравме Влада, а јас бев министерка за земјоделие и се викам Велика Македонска, што мислите зошто? “, запраша пејачката на Фејсбук.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Б92
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Б92
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Б92
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Б92
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Б92
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Б92
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Б92
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Б92
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Б92
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Б92
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Б92