Наковска во последно време се почесто ги користи социјалните мрежи да биде во допир со своите фанови.
Таа неодамна ги почести со жешки фотографии на кои позира во бел костим за капење и на кои изгледа одлично.
Од фотографиите можеме да видиме дека пејачката и пoкрај тоа што има 46 години се уште се држи одлично.
Таа неодамна прослави четиригодишнина од бракот со Спиро Крлевски, со кого живее на релација САД- Македонија.
Кога се во Македонија тие најчесто се во нивниот луксузен семеен дом во охридското Велгошти, а како изгледа нивната куќа можете да видите тука.
Од фотографиите можеме да видиме дека познатата фолк пејачка максимално се опупте и уживаше во долгото топло лето, покажувајќи ги во белиот костим за капење исончаното тело и своите опасни облини.
Но најинтересен детаљ на фотографиите што Анета ги направи на плажа во соработка со ИН продукција е кога малку повеќе се приближи до фотоапаратот, и го покажа своето тело, па костимот за малку ќе откриеше премногу…