Една од нашите најпознати манекенки Александра Накова го покажа своето тело во минијатурен костим за капење.
Познатата македонска манекенка и фото модел Александра Накова ги полни батериите на топли летни дестинации. Таа уште на почетокот на јуни ја отвори сезоната за бањање и оттогаш речиси и да не можеме да видиме ништо друго од неа на Инстаграм, освен костими за капење.
Но таа со секоја нејзина фотографија што ќе ја објави на социјалните мрежи покажува дека знае да ужива во животот, а уживаат и нејзините следбеници. Тоа посебно се однесува за последните неколку „оскудни“ фотографии на кои манекенката позира во минијатурни сини бикини.
Таков оскуден модел ретко кој би се осмелил да носи, но мораме да признаеме дека на Накова совршено и стои.
Александра нејзиното тело го има доведено до совршенство, а за тоа сведочат и бројните лајкови и комплименти што ги доби под ова издание на Инстаграм.