Две разиграни мали кученца ги освои симпатиите на над 7 милиони луѓе, со причина секако!
Видеото кое осамна на Фејсбук прикажува две кученца како на симпатичен начин се „караат“. Нивната „игра“ го насмеа целиот свет, а видеото и натаму е хит на социјалните мрежи.
Доколку не сте знаеле, во прашање се кучиња од расата чау-чау, која се смета за една од најстарите раси на кучиња.
https://www.facebook.com/1613991615520610/videos/1622444334675338/
Постојат податоци дека уште во миоценот (од 28. до 12. милиони години п.н.е) дошло до врстување на еден вид на шами и мечка и така настанала оваа раса. Поради своето впечатиливо крзно и влакна, популарно народски ги нарекуваат мали лавови.
Чау чау е куче кое со векови било на кинескиот двор. Кинеските цареви го држеле како свој чувар, ловечко куче, но пред се, за да ја велича својата моќ и богатство. Ги негувале како да се слуги специјално обучени само за нив.
Чау – чау е многу интелигентно, самостојно, проникливо и верно куче. Целосно и засекогаш му е верно само на еден господар, и ако го загуби, никому повеќе нема да му биде верен зошто за друга љубов не е способен.
Оној кој ќе ја добие неговата доверба може да биде сигурен во неговата непоколебливост и верност.