Ако сте љубител на чоколадните колачиња и бисквити, како и на чоколадните кремовите на Нутела, ќе бидете воодушевени кога ќе видите дека наскоро пристигнува нов производ од кој дури и одговорните во Фереро се плашат: чоколаден крем „Pan Di Stelle“.
Во јануари 2019 година, на полици на супермаркетите, доаѓа кремот „Pan Di Stelle“., од италијанскиот произведувач „Barilla“. Тие ќе го имаат истиот божествен вкус како и нивните чоколадни бисквити „посолени“ со шеќерни ѕвезди. Можеби сакате да го започнете денот со овие бисквити и млеко или сакате да ги гледате вашите омилени серии под ќебето мезејќи се со познатите слатки? Наскоро ќе можете да го зголемите задоволството и со овој крем да го покривате крцкавиот топол леб, палачинки или едноставно да го јадете со лажица! Добрата вест е дека кремот „Pan Di Stelle“ нема да содржи палмово масло и ќе биде правен од сертифицирани италијански лешници со врвен квалитет. Исто така, какао доаѓа од Какао Хоризон (Cocoa Horizon), компанија која се занимава со одржливо производство и големо внимание посветува на условите под кои работат одгледувачите од какаото.
Италијанците веќе му се радуваат на овој крем, а нам ни е жал што нема да дојде порано, бидејќи новогодишните колачиња со него би биле вистинска магија!