Сиднеј Фербрах (24) патува со своето куче низ САД.
Таа откако се раздели од своето момче реши да замине на ова необично патување низ светот. Работи преку интернет па може да ги заврши своите деловни обврски онаму каде што ќе застане со своето кампинг возило.
Нејзиното возило сама го среди и прилагоди за номадски начин на живот. За да заработи пари за да може да го направи тоа, работеше на три работни места и уште неколку дополнителни, а потоа купи и фотоапарат. Денес со своите фанови на социјалните мрежи дели прекрасни спомени од својот нов живот на кои никој не може да остане рамнодушен.
Таа патува со своето куче Ела, а нивниот заеднички профил секојдневно се зголемува со фанови од целиот свет.
Откако раскина со момчето, била решена да го направи ова, а првата дестинација што ја посетила во своето патување била Јужноафриканска Република.
„Кога мојата идеја им ја кажав на родителите, сите беа шокирани. Луѓето во моето опкружување беа многу загрижени. Сепак, знаев дека сé ќе биде во ред. Кога се вратив од моето прво патување, ми беше јасно дека сум родена за вакви авантури. Тоа потполно ми го промени животот“, вели Сиднеј, а пренесе популарниот портал „Боред панда“.
Таа на своето прво патување тргнала со нејзиното тогашно момче. Нивната авантура траела скоро цела една година. Тие го купиле нивниот „кампер“ за 18.000 долари, а потоа вложиле уште 10.000 за да го досередат.
Но за жал по некое време се разделиле заради различни амбиции. Таа работела напорно и тоа на три различни места за да заштеди пари за нов кампер. Го отвори својот блог каде што пишува за своите авантури и во 2018 тргна на пат.
Во меѓувреме и се придружи и убавата златна ретриверка Ела и сега се неразделни. Тие досега заедно поминаа повеќе од 20 држави низ Америка.
Авантуристите ја обожаваат
„Вака планирам да живеам во следните три до пет години. Помина една година откако тргнав на ова мое патување, а во следните две конечно ќе знам дали авантурата на тркала ќе биде мојот живот“, објаснува Сиднеј.
„Не знам што носи иднината и кога конечно ќе сопрам. Исто така не сакам самата на себе да си ја наметнувам идејата за постојано патување“, вели искрено Сиднеј за „Боред Панда“, а пренесе хрватскиот Индекс.
Од комбе до кампинг возило
Во продолжение погледнете како изгледало нејзиното комбе пред да го „претвори“ во камп…