Му кажа ДА на саканиот: Се вери популарната македонска водителка
Тој клекна пред неа, а таа му кажа да.
Популарната македонска водителка се сврши со долгогодишното момче.
Ведрана Ѓорѓевиќ соопшти прекрасни вести, па веднаш почнаа да пристигнуваат честитки.
ФОТО: Инстаграм / Ведрана Ѓорѓевиќ
Ведрана е една од нашите најубави и најзгодни водителки.
Буквално и без грам шминка на неа, таа изгледа одлично.
ФОТО: Инстаграм / Ведрана Ѓорѓевиќ
Долго време е препознатливо ТВ лице и досега работела на различни емисии и проекти.
Кариерата ја има започнато како многу млада, на свои 17 години, и тоа како модел и манекенка.
ФОТО: Инстаграм / Ведрана Ѓорѓевиќ
На 28 февруари годинава ќе наполни 36 години.
Обожава да патува и секој слободен момент го користи да посети некоја нова дестинација.
ФОТО: Инстаграм / Ведрана Ѓорѓевиќ
Друштво секогаш ѝ прави нејзиното долгогодишно момче Андрија Антиќ, кој по потекло е од Србија.
Бидејќи се долго време заедно нивните пријатели многупати досега очекувале парот да се вери.
ФОТО: Инстаграм / Ведрана Ѓорѓевиќ
Но, Андреј клекна пред Ведрана токму кога сите најмалку го очекуваа тоа.
Водителката сподели романтична фотографија од нив, направена токму за време на запроувањето.
Тие еден со друг се сметаат за сродни души и ова за нив е само надополнување на љубовта.
ФОТО: Инстаграм / Ведрана Ѓорѓевиќ
„Кога ќе најдеш сродна душа.
Беше само прашање на време“, напиша водителката во опис на фотографијата.