Му го „украде“ срцето: Ова е жената што го освои Дац – нивната љубовна приказна ќе ви ја стопли душата
Само таа го има клучот од неговото срце.
Дац не пропушта прилика јавно да ѝ изрази љубов на својата сакана.
Години наназад најголема љубов на актерот и пејач Драган Спасов – Дац е неговата најголема муза, неговата сакана Весна Терзиевска.
ФОТО: Фејсбук / Драган Спасов – Дац
Повеќепати за медиумите има изјавено дека токму огромната љубов што ја чувствуваат еден кон друг е рецептот за нивната среќа.
Тие се доказ дека вистинската љубов може да ви се случи во секоја доба од животот.
ФОТО: Фејсбук / Драган Спасов – Дац
Од првиот брак Дац има двајца синови, а Весна ќерка.
Честопати на социјалните мрежи актерот споделува статуси и фотографии со емотивна порака за неговата сакана.
ФОТО: Фејсбук / Драган Спасов – Дац
Интересно е тоа што нивната свадбена веселба била организирана без негово знаење.
Весна му приредила огромно изненадување.
Организирала матичар и прослава со најблиските во еден скопски локал, а купила и бурми.
ФОТО: Фејсбук / Драган Спасов – Дац
За оваа прилика одбрала да биде облечена во џинс, бела спортска маица и палто, а на главата носела вел.
Матичарот ги венчал, а кум им бил композиторот Александар Митевси, кој заедно со Дац како дуо настапуваат од 2019 година.
ФОТО: Фејсбук / Драган Спасов – Дац
Весна и Дац уживаат во секој момент поминат заедно, а на нивните фотографии на социјалните мрежи секогаш изгледаат среќно и вљубено.