Реклама
Наши ѕвезди

Му го освои срцето, па му роди ДВЕ ДЕЦА – сопругата на Франц е ВИСТИНСКА УБАВИЦА

Реклама

Македонскиот пејач Владимир Крстевски – Франц со години повеќе не живее во Македонија, а својата среќна семејна идила ја изгради во Америка заедно со сопругата и двете ќерки.

ФОТО: Владимир Крстевски Франц / Инстаграм

Франц публиката го запозна како член на групата Нокаут, кога во периодот на 90-те се стекна со огромна популарност, Групата опстојува до ден денес, но составот е целосно сменет.

Основач на бендот е Никола Перевски – Пере кој со поддршка на Дарко Димитров и покана на Кирил Колемишевски (втор вокал) и Ацо Богдановски (перкусии) и Владимир Крстевски – Франц го формираа првиот состав на „Нокаут“.
Добитници се на наградите „Тинејџерска атракција“ во 1998, кога се и прогласени за „Група на годината“ две години по ред (1998, 1999).

Маркетинг
ФОТО: Владимир Крстевски Франц / Инстаграм

Пред 3 години Франц јавно го обвини своот поранешен колега и кум Пере, за кражба на брендот Нокаут.
-Три години поминаа од кога ми го украдоа брендот и бендот, барем една добра песна да издадеа, напиша Франц, а постот предизивка лавина коментари и реакции од фановите.

ФОТО: Владимир Крстевски Франц / Инстаграм

Пријателството беше доведено во прашање уште во 2015 година, откако Франц реши да го напушти бендот и да замине да живее во Лос Анџелес, додека Пере заедно со старо-новиот состав, организираа голем концерт во ВИП Арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

Маркетинг

-Полно срце со тага и очај во празна сала! Од нивната “позитива” отидоа во минус негатива! Драго ми е што публиката не беше изиграна и прелажана овој пат… затоа што од некогашниот Нокаут што сите го знаеме остана само “Н”! Или “фронтменот” Пере Панта Реи со платените музичари – Панта Реиковци. Е ајде сега пробајте да видам дали можете да сокриете ваква беда, не ве ни спасија гратисите да ја наполните салата… уште на Холивуд булевар фалеше да ги раздавате… Ах лакомијо, лакомијо, следен пат на СТАДИОН!!!! Еднаш ти кажав екс куме, без крилја не се лета… али ти не послуша… на што ќе се радуваш сега???”!”, му порача сопругата на Франц на Пере веднаш по концертот.

ФОТО: Владимир Крстевски Франц / Инстаграм

Инаку, во 2014 година Франц ѝ се заколна на вечна љубов на својата избраничка Ема. На нивната свадбена веселба присуствуваа голем број познати лица од македонската естрада.

Според фотографиите кои беа објавени во медумите, на свадбениот чин присуствувале Тони Михајловски, Каролина Гочева, Весна Петрушевска, Пере Нокаут…

ФОТО: Принтскрин

Недолго после тоа парот одлучи засекогаш да ја напушти Македонија и во потрага по поубав живот замина во Лос Анџелес.

На социјалните мрежи често знаат да споделат и семејни фотографии на кои се гледа дека навистина уживаат во секој момент.

„Живеам на две минути од киното „Долби Театар“ каде се одржуваат оскарите, на Холивуд булевар, каде се ѕвездите на под и секојдневно ги гледам туристите со главите доле, барајќи ги своите звезди, како се удираат едните во другите“, кажа Франц во едно свое интервју.

ФОТО: Владимир Крстевски Франц / Инстаграм

Инаку, круна на љубовта меѓу Ема и Франц се двете ќерки Мелоди и Мона.

Во јуни 2014 година парот ја доби Мелдо, а гордиот татко среќната вест ја соопшти на социјалните мрежи.

„На први јуни, се роди мојата ќерка Мелоди Франц Крстевски. Ѝ посакувам добредојде на овој свет. Нашите срца се преполни со љубов и благодарам бескрајно на убавите честитки“, напиша Франц.

ФОТО: Владимир Крстевски Франц / Инстаграм

Минатата година тие ја добија втората среќа, малата Мона.

-На 31 Јули 2020 се роди нашата втора ќерка Мона Франц Крстевски. Ти посакуваме добредојде на овој свет и ти посакуваме да те сака животот колку што те сакаме ние, напиша Франц на својот Фејсбук профил.

ФОТО: Владимир Крстевски Франц / Инстаграм

Франц не е многу активен на социјалните мрежи, но понекогаш зне да изненади со по некоја емотивна фотографија и порака упатена до неговата сакана.

По повод годишнината од брак тој ѝ испрати јавна честитка.

-Ја користам оваа прилика да и честитам 5 години брак на Ема Џо Франц. Среќна годишница од мене и Мелодика. Те сакаме најмногу – напиша Франц.

По повод неговиот роденден тој доби интересен подарок од сопругата. А во време на коронавирус, откако го покажа подарокот, пријателите му порачаа дека тој е богат човек.

На почетокот на пандемијата насекаде во светот владееше некоја чудна навала по тоалетна хартија. Луѓето купуваа залихи од страв дека ќе ја нема.

Поради тоа, Ема одлучи да се пошегува со Франц, па за роденден му подари тоалетна хартија.
-Роденденски подарок од мојата сопруга, пишува Франц, на што коментарите се редеа во низа.

ФОТО: Владимир Крстевски Франц / Инстаграм

Франц и Ема максимално уживаат во животот, а повеќе нивни фотографии погледнете во продолжение:

ФОТО: Владимир Крстевски Франц / Инстаграм

 

ФОТО: Владимир Крстевски Франц / Инстаграм

 

ФОТО: Владимир Крстевски Франц / Инстаграм

 

ФОТО: Владимир Крстевски Франц / Инстаграм

 

ФОТО: Владимир Крстевски Франц / Инстаграм

 

ФОТО: Владимир Крстевски Франц / Инстаграм

 

ФОТО: Владимир Крстевски Франц / Инстаграм

 

ФОТО: Владимир Крстевски Франц / Инстаграм

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button