Му беше син на „Полицаецот од Петлово брдо“ – Малечкиот Давид нема да го препознаете, еве со што се занимава, години по снимањето на култната серија
Многу генерации пораснаа со серијата „Полицаец од Петлово брдо“, а сите се сеќаваат на симпатичното момче Давид, кого го толкуваше Марко Стојиљковиќ.
Славниот Бошко, чиј лик го толкуваше легендарниот српски актер Љубиша Самарџиќ, во серијата е полицаец и самохран татко кој зад себе има четири пропаднати бракови. Во добри односи е со поранешните сопруги, но тие постојано му приговараат за воспитувањето на децата. Малку му е тешко да го избалансира животот меѓу двата свои животни повици, семеен човек и полицаец кој гони криминалци, но сепак некако успева.
Сопругите на Бошко во серијата ги играа најголемите српски актерки: Милена Дравиќ, Светлана Цеца Бојковиќ, Неда Арнериќ и Маја Сабљиќ.
Симпатичниот Давид Симиќ гледачите го обожаваа поради симпатичниот изглед, но и поради саркастичните одговори, а тогаш на малечкиот Марко сите му предвидуваа голема актерка кариера. Кинематографијата кај ова момче остана голема страст, но денеска неговата кариера отиде во сосема друг правец.
Давид е критичар на холивудските и домашните филмски остварувања, а со години неговите текстови за најпопуларните филмови излегуваа во бројни српски магазини, како и на порталите.