Му беше омилена жена во харемот пред да се појави Хурем – погледнете ја Махидевран од Сулејман Величествениот, сега е уште поубава!
И денес 8 години по серијата изгледа неодоливо
Во Македонија стана позната со генијалната улогата на Махидевран во серијата „Сулејман Величествениот“.
Популарната турска серија „Сулејман Величествениот“ беше една од најгледаните сапуници на овие простори. Главната хероина во серијата беше Хурем која што ја глумеше Мерјем Узерли, но покрај неа и многу други познати актери и актерки имаа значајни улоги во оваа серија.
Па така покрај Хурем постоеше уште една дама која ги пленеше погледите на сите, но бидејќи беше ривалка на омилената хероина, беше во втор план. Во прашање е познатата турска актерка Нур Фетахоглу која можеби во серијата не беше омилен лик, но во приватниот живот таа е вистинска убавица. А тоа можеме да го видиме и од нејзиниот Инстаграм …
Имено, денес Нур важи за една од омилените турски актерки и најпознати телевизиски лица во оваа земја, посебно заради нејзината специфична убавина и неодолив шарм. И таа како и Хурем, односно Мерјем Узерли, е родена во Германија, а од 2006 ќе стане турска актерка.
Од 2008 до 2011 ќе биде мажена за Мурат Асија, но по разводот ќе го врати своето моминско презиме Фетахоглу.
Нур беше во брак и со Левент Везироглу, но и овој брак нема да трае долго. Ќе се разделат во 2015, само 14 месеци по спектакуларната венчавка.
За животот на Махидевран пред веридбата не се знае многу. Не се знае ни нејзиното етничко потекло.
Се претпоставува дека потекнува од Кавказ или од денешна Албанија. Била ќерка на прускиот принц Мирза и неговата сопруга Назан.
Родена е околу 1498 година
Пред да влезе во харемот на Сулејман Величествениот нејзиното име било Малхуб Бахарај.
Му родила пет деца од кои само три преживеале – синот Мурат и две ќерки Разја и Фатиме. Нејзиниот живот бил убав покрај султанот се додека во харемот не дошла Рокселана која му родила шест деца и успеала да го убеди да се ожени со неа, со што и го загрози статусот на Махидеврана.