Реклама
Култура[тор]

Музика за душа – млади пијанистки од Македонија одржаа концерт на социјалните мрежи за време на карантинот

Реклама

Погледнете го овој интересен проект

Студентите и магистрантите од класата на проф. Д-р Ема Потевска Попивода активно работеа додека беа во самоизолација. Тие се прилагодија на новиот начин на комуникација и одржување концерти, па го подготвија видео концертот „Во светот на чудата“. Иако беше вистински предизвик да се работи преку онлајн видео часови и да се реализира виде снимање, пијанистките Карла Биков, Жана Џибулова и Елена Ефремова успешно го реализираа овој концертен проект. На концертот беа изведени композиции за пијано и трака од циклусот Во светот на чудата на композиторката Ана Пандевска кои може да ги следи и најмладата публика. Видео премиерата на концертот беше ма 24 мај 2020, а како звучеа младите пијанистки погледнете во продолжение.

Маркетинг

Се надеваме дека концертот за брзо време ќе се одржи и во живо пред бројна публика.

Елена Ефремова завршува магистерски студии во класата на проф. Д-р Емилија Потевска – Попивода, каде што и дипломира. Активно настапува низ Македонија како солист и како член на пијано дуо Трбојевиќ-Ефремова. До сега има земено голем број награди на државни и меѓународни натпревари меѓу кои специјална награда (100 бода) на КМК – Кавадарци, прва награда Les Cles d’Or, Арт-ИН, Дојрана, втора награда – ULJUS, Охрид те сакам, четврта награда – San Dona di Piave, учество на натпревар во Милано.

Маркетинг

Карла Биков е дипломиран пијанист во класата на проф. Д-р Емилија Потевска – Попивода.

Својата трета година студии ја помина на музичката академија во Загреб како Еразмус стипендист. Во текот на студиите се здобива со повеќе награди меѓу кои трета награда во San Dona di Piave, Venezia; четврта награда на Piano talents во Милано; прва награда на фестивалот Дојрана, а зема учество и на семинари во Грожњан и Задар, Хрватска.

Жана Џибулова е дипломоран пијанист исто така во класата на доц. д-р Емилија Потевска – Попивода. Дипломира 2016 при ФМУ “Гоце Делчев” во Штип. Има настапувано на бројни солистички и камерни концерти низ државата, меѓу кои се издвојува настапот при доделување на лауреатот на Струшките вечери на поезијата 2015та. Солистички се има натпреварувано неколкупати на државни натпревари во Скопје и интернационалниот фестивал за класична музика во Битола каде има освоено две трети награди, и како камерно трио со чело и виолина во Самоков, Бугарија, каде се здобија со пофалници. Нејзините афинитети на полето на музиката продолжуваат со соработки со драмски секции, како музички уредник на театарски претстави и солистички изведувач на класична и блуз музика.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button