Наши ѕвезди

Музиката на Оливер беше море кое будеше емоции кај секого – поради ова го сакаше целиот регион!

Advertisement

Замина пејачот Оливер Драгојевиќ, а преубавите песни ќе останат засекогаш да не потсетуваат на неговата генијалнoст

Advertisement

Оливер беше еден од најталентираните пејачи во поранешна Југославија. Музиката ја засака од најрано детство, впрочем кај таквите генијални ликови талентот и се јавува толку рано. Публиката го сакаше токму поради неговиот талент да предизвика емоции кај секого, поради неговата посебна искра која што ја имаше и по која беше препознатлив.

 

Advertisement

А кога се откри и дека во прашање е скромен човек, со сите свои врлини и мани, тогаш започнува и таа нераскинлива врска меѓу публиката и него, тоа посебно обожавање поради кое Оливер несомнено беше една од најголемите ѕвезди на овие простори. Емоциите во неговите песни беа заеднички за многумина, тој целосно се даваше во нив, а публиката се препознаваше во стиховите, уживаше во неговата музика и богато го наградуваше на секој негов настап.

 

А кога некој како што е Оливер ќе замине, тогаш и многумина ќе жалат затоа што изгубиле некој што го чувствувале како свој животен сопатник, некој со кој пловеле низ морињата на емоциите и љубовта, кој толку пати ги изнел на површината и со кого ги споделувале своите тајни…

Оливер и морето …

Почивај во мир, легендо!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button