Реклама
Кафе муабет

Мудрости: „Добрите луѓе се како свеќи. Самите горат за да им пружат светло на другите“

Реклама

Секогаш помагаш и им веруваш на сите, даваш многу и сакаш многу, но изгледа како секогаш токму ти да си најмногу повреден.

Мудрите велат дека луѓето со добро срце и кај другите го будат она доброто и дека ниту една убавина не блеска толку сјајно како доброто срце.

Тие исто така велат дека најкорисниот имот на едно лице не е главата која е полна со знаење, туку срцето полно со љубов, со уши што знаат да слушаат и раце кои во секое време се подготвени да им помогнат на другите.

Маркетинг

Еве уште неколку мудрости за добрите луѓе.

„Луѓето што имаат добро и меко срце не се будали. Тие знаат што им направиле другите, но им простуваат затоа што имаат голема и добра душа“.

Маркетинг

„Ништо не може да ја погоди добрата душа и доброто срце повеќе од животот меѓу луѓе што тоа не го разбираат“.

„Добрите луѓе се како свеќи. Самите горат за да им пружат светло на другите.“

„Подобро е да бидете сиромашен, но со добро срце, отколку богат со лоши намери.“

„На крајот на денот, нема да се сеќаваш на некој со прекрасно лице – ќе се сеќаваш на оној со прекрасно срце и душа.“

Ако мислите дека вашата љубезност и доброто срце ќе ве доведе само до одбивање и страдање, не дозволувајте тоа да ве промени. Ако сте внимателна личност која прави само добри работи, никогаш не треба да престанете со тоа затоа што луѓето на кои им го пружате тоа не ја гледаат добрината во вас. Проблемот е во нивната реакција или недостатокот на истата, не во вас. Не треба да се менувате. Тие се оние што треба да се променат. Вие само продолжете да бидете љубезни, внимателни и со добро срце.

„Прекрасна личност е оној што има добро срце. Ако имаш едно такво, никогаш нема да бидеш грд.“

Извор: Атма

Поврзано

Back to top button