Етичкиот кодекс на староседелците на Северна Америка може да не инспирират сите за да направиме важни промени во размислувањето и живеењето …
Станете со сонцето и помолете се. Молете се сами и правате го тоа често. Еднаш Големиот Дух ќе ги слушне вашите молитви.
Бидете толерантни спрема оние кои скршнале од патот. Незнаењето, лутината и љубомората доаѓаат од изгубени души. Молете се да се вратите на вистинскиот пат.
Пронајдете се себе си. Не допуштајте другите да управуваат со вашиот пат. Тоа е само ваш пат, а останатите може да одат со вас, но никако напред наместо вас.
Имајте обзир за гостите во својата куќа. Послужете ги со најдобра храна, понудете им го најдобриот кревет… Бидете праведни и чесни.
Не го земајте она што не е ваше, без разлика дали се работи за човечка заедница, природа или туѓа култура. Едноставно не е ваше.
Почитувајте сè што постои на земјата. Како луѓето, така и животните и билките.
Почитувајте го туѓото мислење, желбите и зборовите. Никогаш не прекинувајте некој додека зборува или сонува. Секој има право на слободно мислење.
Никогаш не зборувајте лошо за другите. Негативната енергија која ја испраќате ќе ви се врати повеќе пати.
Сите луѓе грешат. Секоја грешка може да се прости.
Негативните мисли создаваат болест на умот, телото и духот. Вежбајте оптимизам.
Природата не е наша, таа е дел од нас. Природата е дел од нашето глобално семејство.
Децата се иднината. Засадете им љубов, наводнувајте ги со мудрост и учете ги за животното искуство. Кога ќе почнат да растат, дајте им го просторот кој им е потребен.
Избегнувајте да ранувате туѓи срца. Отровот ќе ве заболи некогаш и вас.
Секогаш бидете искрени.
Задржете ја рамнотежата. Своето ментално, духовно, емоционално и телесно „јас“ е најважно. Сите мора да бидат подеднакво силни, чисти и здрави.
Свесно одлучете што и какви ќе бидете, како ќе делувате и како ќе се соочувате со своите одлуки. Бидете одговорни за своите постапки.
Почитувајте ја туѓата приватност. Не се мешајте во туѓото поседување на нештата, посебно не во светото и духовното. Тоа е строго забрането.
Бидете сигурни во себе. Не можете да бидете грижливи и да помагате на другите ако не можете да си помогнете себеси.
Почитувајте ги туѓите верски верувања. Не се ни обидувајте да ги промените.
Делете ја својата среќа.