Мрачни прогнози на научниците: Поларните мечки ќе исчезнат до крајот на векот, причината нѐ засега сите нас (ВИДЕО)
Поларните мечки важат за загрозен вид според Меѓународната унија за зачувување на природата, а климатските промени се клучен фактор за нивно исчезнување.
Белите поларни мечки ќе исчезнат поради забрзаното топење на Арктикот, предупредуваат научниците кои го истражуваат влијанието на глобалното загревање врз овој загрозен вид.
Повеќето бели мечки ќе страдаат од глад и ќе им се намали репродуктивната моќ за 20 20 години поради забрзаното топење на ледот на Арктикот, а целосно би можече да изумрат до 2100 година, предупредија научниците.
Со моделирање на употребата на енергијата на поларните мечки, научниците ги пресметале границите на издржливост на овие животни. Според сценариото со високи емисии на штетни гасови и со ефектот „стаклена градина“, многу веројатно е дека сите групи поларни мечки, освен мал број од крајниот север, ќе исчезнат до 2100 година. Дури и ако се исполнети само основни услови за намалување на емисијата гасови, бројот на овој животински вид значително ќе се намали.
– Поларните мечки веќе се „на врвот“ на светот. Ако мразот исчезне, тие нема каде да одат, вели д-р Стивен Амструп, водечки научник во овие испитувања.
Тој објаснува дека прво, мечките ќе останат без младенчиња… Тие ќе се раѓаат, но женките нема да имаат доволно телесни масти за да произведат млеко. Месојадците се потпираат на морскиот мраз на Арктичкиот океан за да ловат фоки. Како што мразот се топи, животните се принудени да изодуваат сѐ подолги растојанија за да најдат храна и за себе и за своите младенчиња.
Научниците изучувале две можни сценарија. Според она поволното, мечките сепак би опстанале во мал број на Островот на кралицата Елизабета, но при тоа би било одложено само нивното исчезнување за неколку децении.
Според проценките, на светот моментално има 26.000 поларни мечки кои живеат во 19 области, од Норвешка, Канада, Алјаска до Русија. Тие се многу зависни од ледените подрачја и не можат да опстанат во услови кога нема мраз.
За разлика од нивните континентални роднини, поларните мечки во текот на зимата се најактивни, кога им е сезона на лов, додека во текот на пролетта и летото преживуваат благодарение на залихите храна кои ги таложат во текот на зимата.
Научниците утврдија дека во одредени живеалишта популацијата на поларни мечки се намалила за 25 односно 50 отсто во изминатите неколку децении.