Веројатно не постои личност што не го знае легендарниот хит „Џелем, џелем“.
Како што пишува во Википедија, оваа песна веројатно е настаната во Романија, како нејзин композитор се потпишува Жарко Јовановиќ, југословенскиот композитор со ромско потекло кој бил инспириран од понижувањата кои Ромите го доживувале во Втората светска војна.
Песната опишува прогонство, uбиства и носењео на Ромите во концентрационите логори. Буквалниот превод на песната би значело „Патував сам, Патував сам“.
Песната „Џелем џелем“ е прогласена за заедничка химна на Ромите на првиот Светски конгрес во 1971 година во Лондон.
Оваа песна ја испеа пејачката и актерката Оливера Катерина во филмот “Skupljači perja” на режисерот Александар Петровиќ, меѓутоа таа поради оваа песна се скара со хрватската пејачка Терезија Кесовија, која песната ја снимила на француски јазиккоја се обидела да ја пласира на францускиот пазар како своја.
– Бев навредена, не поради тоа што Тереза ја снимила „Џелем џелем“ туку зошто се обиде мојата песна да ја сихронизира за францускиот пазар.
Приклучувајќи се на ромските песни, јас вложив многу голем труд и сакав како и сите пејачи, ексклузивност, изјавила Оливера Катерина во далечната 1968 година.
Станувало се полошо, на денот на премиерата на Катерина песната, продукцијата на Тереза ја издала плочата со композицијата „Џелем џелем“ на француски јазик. Оваа песна го носела називот “Je l’ aime, Je l’ aime”.
– Што можев да направам освен композицијата да ја отпеам на ромски, рекла Оливера Катерина а потоа ја запеа „Џелем џелем“ и на француски јазик.
По две децении ја испеаа и Шабан Бајрамовиќ и Есма Реџепова и многу други.
Во продолжение слушнете ја „Џелем џелем“ во изведба Есма Реџепова.