Дозволи ми да умрам живеејќи, наместо да живеам умирајќи.
Животе, уништи го во мене она што треба да биде уништено. Поправи ја мојата надеж дека нешто треба да биде поправено. Создавај со мене, со мене сликај ја секоја капка на платното на животот. Помогни ми да живеам исполнет и уникатен живот, да одам низ шумата по пат кој никогаш претходно не бил разгазен.
Помогни ми да омекнам и да се опуштам и целосно да го прифатам она со коешто сѐ уште војувам. Ако моето срце сѐ уште е затворено, покажи ми како да го отворам без насилство. Ако се врзам за нешто, помогни ми да се ослободам од тоа.
Помогни ми да ѝ се смеам на мојата сериозност. Дозволи ми да пронајдам хумор во темнината. Покажи ми длабоко чувство на мир среде бура.
Никогаш не ја криј вистината од мене. Благодарноста нека биде мој водич. Простувањето нека стане моја мантра. Овој момент нека биде мој постојан придружник. Задржи ме кога ќе се сопнам. Диши со мене, кога јас самиот не можам да дишам.
Амин.
Џеф Фостер
Извор: Позитива