Моќен фејсбук статус за деца со аутизам што секој во Македонија треба да го прочита и да го сподели
Ајде да направиме нешто убаво за овие деца
„Да пробаме да не го вртиме погледот настрана и да не ццкаме. Тие деца не се невоспитани туку само хиперактивни. И тоа не е хендикеп, туку благослов“, вели писателот Драган Таневски на својот Фејсбук профил.
И додека многумина во Македонија ги одбележуваа профилните слики на Фејсбук заради Меѓународниот ден на лица со посебни потреби, писателот Драган Таневски на својот Фејсбук профил објави еден статус за децата со аутизам со кој никого не остави рамнодушен.
Како што вели Драган во овој свој статус, добро е да бидеме свесни за овие деца, но и дека е уште подобро да се обидеме да ги разбереме родителите на овие деца, посебно кога ќе излезат некаде да се напијат кафе, а нивните деца се однесуваат „чудно и нестандардно“. Е тогаш, како што пишува Драган понатаму во својот статут со кој предизвика лавина од коментари и лајкови, наместо да негодуваме или да игнорираме и да го тргаме погледот од нив, да се обидеме да им се насмееме на овие деца, да ги погалиме и да си поиграме со нив.
Фото: Илустрација
„Тие деца не се невоспитани туку само хиперактивни. И тоа не е хендикеп, туку благослов. Тоа е затоа што му се радуваат на животот и на сето она што ги опкружува за разлика од некои намќори кои во ништо веќе не наоѓаат задоволство. Овие деца се постојани истражувачи и авантуристи и затоа мораат се да видат, се да пипнат, се да превртат. Можеби нема да ви одговорат кога ќе ги прашате нешто, ама тоа не значи дека се глуви или ретардирани, туку дека во моментот имаат некоја многу поважна работа, на пример да избројат со поглед колку плочки има во просторијата, колку маси и столици има, и зошто фугата на еден ред плочки е поширока од другите.“
„И на пример, кој се осмелил да го заштрафи на криво сушачот за раце во вецето. Да пробаме да разбереме дека си ги затвараат ушите кога одеднаш ќе се чуе силен звук, затоа што нивните сетила се далеку поизострени од нашите. Да, да… тие преку три затворени врати можат да го чујат звукот од омилената реклама и да дотрчаат во дневна за да уживаат во сензорниот спектакл од бои и звуци“.
„Наместо да ги осудуваме, да пробаме да разбереме дека она што ние го нарекуваме стандардно, за овие деца не важи. Тие се вонстандардни. Тие се многу повеќе од нас. Тие слободно летаат. А кај оние, земните, летањето секогаш предизвикувало завист“, пишува Драган.
Целиот негов статус прочитајте го во продолжение:
Фото: Принтскрин/ Фејсбук, Драган Таневски
Фото: Принтскрин/ Фејсбук, Драган Таневски
Фото: Принтскрин/ Фејсбук, Драган Таневски
Фото: Принтскрин/ Фејсбук, Драган Таневски
.