Мојот сопруг работи во Германија, а јас живеам со неговите родители. Се венчавме минатата година и тоа на мои 19 години… се сакаме, но … ниту моите, ниту неговите родители не се многу среќни, дури и се обидуваа да не разделат, но на наша среќа брзо останав бремена така што се осигуривме, или барем јас така си мислев до денеска.
Во третиот месец од бременоста сум и денеска свекрвата ме носи на преглед кај еден приватен гинеколог.
Тоа беше и мојата прва посета на гинеколог воопшто и тој беше толку груб што по прегледот прок.варив. Тоа го забележав кога дојдов дома и толку ме фати паника што веднаш се вратив назад и тоа сама.
Влетав во ординација и сета загрижена го запрашав зошто к.варам, по што тој гинеколoг ми рече дека за џабе сум дошла и дека сум можела и свекрвата да ја прашам зошто е тоа така.
После тоа ми рече дека моето бебе е сосема добро, и дека тоа к.варење е сосема нормално и дека мојата свекрва која е медицинска сестра можела сето тоа добро да ми го објасни.