Вести

Мојот син се ожени со 18 години помлада жена, му ги потроши сите пари заработени во Германија, а направи уште полошо од тоа

Advertisement

Многу тони хартија се потрошени на приказни кои ги отсликуваат односите меѓу свекрвата и снаата во едно семесјтво кои често знаат да бидат затегнати и незгодни, не ретко оптоварени со непотребни расправии и грижи.

Хрватските медиуми деновиве ја пренесуваат животната приказна за Сенка, која одамна ја напуштилa родната Хрватска за да заработи за живот во Германија. Таа сега е во пензија и има 77 години, а најголем нејзин проблем е снаата.

Advertisement

фото Пекселс

Нејзиниот син доцна се оженил, на четириесет години за многу помлада девојка од нејзиното родно село. Таа не е задоволна од неа, бидејќи невестата дошла кај нив во Германија и не сакала ништо да работи. Сенка својата мака ја сподели за порталот Моје Вриеме.

„Мојот син порасна во Германија, беше прилично воздржан кога се во прашање девојките. Се ожени со 26-годишна селанка, 18 години помлада од себе, а за контакт со неа му помагале пријателите.

Таа во тоа време веќе беше разведена и имаше две деца кои тој ги прифати и ги одгледа како да се негови“, вели Сенка.

фото Пекселс

Г-ѓа Сенка вели дека било многу тешко сите овие години да гледа како се однесува снаата.

„Во раните години само ги фарбаше ноктите, се шминкаше, готвеше ручек само за време на вечерата, пушеше и пиеше кафе со нејзините таканаречени пријатели.

Почна да готви и чисти дури кога син ми ќе се вратеше од работа. Неговите пари ги трошеше без усул , па за неколку години го потроши она што син ми го штедече со децении“, се жали Сенка.

фото Пекселс

„Мојот син е сè уште толку заљубен во неа што одобрува и кимнува со главата на сè што ќе каже. Никогаш не ми се допадна мојот син да се ожени со неа.

Но, тој е среќен, па некако ми е полесно. Отсекогаш верував дека мојата снаа се омажи за мојот син само за да дојде во Германија“, објаснува таа.

фото Пекселс

Сепак, нејзиниот син е во брак 21 година, па Сенка очигледно морала да се помири со неговиот избор.

„А сепак, сè уште носам горчина во себе и сè уште не можам да се помирам со неа. Го сакам моите внуци и тоа ми дава сила да не го покажам своето незадоволство.

Не се мешам во бракот, го прифаќам таков каков што е и со тоа живеам сите овие години“, вели Сенка за хрватскиот портал.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button