Реклама
BEAUTYНега и здравје

Морето го чисти организмот од отров, ги чисти сите проблеми и ја смирува душата

Реклама

Мирисот на сол и борова шума ја смирува душата, а звукот на брановите како да шепоти на уво и лесно го масира телото.

Она што многумина не знаат дека освен што ја чистите душата со морската вода, на природен начин го чистите и телото. Морето ги содржи сите важни минерали и елементи и е бесплатен извор на минерални хранливи работи.

Морската сол и морската вода ја чистат кожата од отрови и ѝ дозволуваат обновување. Многумина купуваат морска сол, но таа не може да ја замени морската вода. Купувањето на морска сол која е лишена од своите природни минерали и елементи и нема некое преголемо здраво влијание.

Маркетинг

Морската вода помага при лечење на болките во грбот, помага за ишијас, спортски повреди, проблеми со циркулација крв, псоријаза, сите состојби поврзани со модерниот начин на живот како напнатост и нервоза и лечи срцеви болести, ги отстранува нечистотиите на кожата и ја влажни сувата кожа.

Брановите и струите во морето внимателно го масираат целото тело и бесплатно го острануваат целулитот. Присетете се на старата изрека „Во здраво тело, здрав дух“ и отидете на море и уживајте.Еден од најважните елементи во морето е јодот, бидејќи е неопходен за човечкиот организам да произведе два важни тироидни хормони кои лекарите во шегата често го нарекуваат “камшик на организмот”.

Маркетинг

Овие хормони се важни затоа што тие управуваат со потрошувачката на енергија во телото. Недостатокот на јод може брзо да доведе до хроничен замор , но исто така и до зголемена тенденција на инфекции, мускулна слабост, зголемено чувство на студ, бавни рефлекси, како и гушање.

Денес, сите живеат во многу стресно и негативно опкружување , се изложени на страв и напнатост, донесување одлуки за живот и избор на животно водство. Затоа, ако сакате да го реализирате целосниот потенцијал за детоксикација на море, научите да дишете , а потоа на крајбрежјето дополнително ќе го излекувате телото и умот и ќе се ослободите од длабоко вкоренетиот стрес, депресија и токсини.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button