МОНСТРУМОТ ОД ГРАДАЧАЦ КОНЕЧНО ЌЕ БИДЕ ЗАКОПАН! Поднесено барање за преземање на ТЕЛОТО, еве кој ЌЕ ГО ПЛАТИ ПОГРЕБОТ!

Следната недела ќе се навршат два месеци од страшното злосторство што ја потресе Босна и Херцеговина
Фикрет Сулејмановиќ, таткото на тројниот убиец од Градачац Нермин Сулејмановиќ, изјави дека се срами од својот син кој уби три лица.
Тој ја потврди информацијата дека семејството не сака да го преземе телото на Сулејмановиќ, кое скоро два месеци се наоѓа во Комеморативниот центар во Тузла.
На прашањето кој ќе го организира погребот на убиецот, неговиот татко вели дека тоа сигурно нема да биде тој.
„Нема никој од семејството да го закопа, неговите пријатели криминалци го договорија тоа, па дури и го организирале погребот.
Тоа што го направил, ниеден нормален човек не може да го направи, само криминалец. Нешто му пукнало во главата штом го направил тоа“, рекол татко на убиецот, пренесува Блиц.
„Се откажав од него пред 20 години“
„Јас сум и не сум татко на Нермин. Сè сте виделе и слушнале. Се откажав од него пред 20 години кога почна да ме тепа.
Сепак, тој е дете, дури и да е најлош, тој е мое дете. Цел живот бил во затвор поради други криминалци, поради разни злосторства.
Кога и да пробав нешто со него, тој секогаш сакаше да се кара со мене и да ме тепа и јас се откажував од него“, вели Фикрет.
Телото на монструмот Нермин Сулејмановиќ се уште се наоѓа во Комеморативниот центар во Тузла, но нова вест е дека членови од семејството поднело барање да го земат за да го погребаат.
Оваа информација за порталот „Аваз“ денеска ја потврди директорот на Комеморативниот центар во Тузла, Фарук Латифагиќ.
Како што рече, тројца роднини од Сулејмановиќ поднеле барање за погребување на Нермин и сега ја чекаме одлуката на општина Градачац.
– Само чекаме да видиме каде ќе го погребаат, во кое гробно место – ни рече Латифагиќ.
Следната недела ќе се навршат два месеци од страшното злосторство што ја потресе Босна и Херцеговина.
Потсетуваме, Нермин Сулејмановиќ на социјалните мрежи го пренесуваше убиството на својата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ, додека нивното бебе беше сведок на сето тоа во локва крв. Освен невенчаната сопруга, ги убил и Денис и Џингис Ондер, а ранил три лица.
Неколку дена пред убиството, Низама Хеќимовиќ побарал забрана за приближување за Нермин Сулејмановиќ, но Општинскиот суд во Градачац го одбил тоа барање.