Реклама
Вирално

Монструми од Велес злоставувале куче – крвнички го тепале и „на живо“ му ги исекле ушите

Реклама

Монструми на ова кутре му ги исекле ушињата

Монструми од Велес крвнички тепале и малтретирале куче, а потоа „на живо“ му ги отсекле учите. Во прашање е кутре кое им е добро познато на активистите кои се грижат за напуштените животните во овој град.

Маркетинг

Кутрето на кое МОНСТРУМИТЕ му ги исекле ушите го пронашла една активистка која како што вели, не само што нема сила да објаснува дека финансиски и на сите начини се исцрпени, туку и дека нема сила повеќе да постои во една ваква држава и дека само сака да замине некаде каде што нема да мора да спасува напуштени, гладни, осамени и осакатени животни. И тие тоа го прават секојдневно, а она што понекогаш ќе ги дочека, потполно им ги крши срцата. Како ова кутре кое плачеше од болка и беше во мнооогу лоша состојба. Случајот е пријавен во полиција, а кучето во моментот е кај нив, згрижено.По завршување на терапиите ќе мораат да го вратат назад, или да му најдат нов дом. Затоа се молат совесните граѓани да помогнат со сместување или ако сакаат да го вдомат да ги контактираат во пораката.

„Го одвлекле, крвнички го тепале и малтретирале и на крај на живо му ги отсекле ушите на најмилото куче во градот… сеуште секое сабајле,веќе точно 24 години и 4 месеци, се будам во земја каде ова е секојдневие и немам веќе сила.

Маркетинг

Кога викам дека немам веќе сила, не мислам дека немам сила како во сите досегашни постови каде објаснуваме дека сме финансиски и на сите начини исцрпени, туку дека немам сила да постојам веќе во земјава и само сакам да одам – Каде? И јас не знам. Каде што нема да морам да спасам ниту едно животно веќе никогаш. Ако постои такво место некаде!

Во последно време најмногу се занимавам со тивок активизам – се обидувам да си го спасам она што ми остана од психичкото здравје после толку години активизам на терен.

Инаку на темата, кучево е кај нас. Веднаш по завршувањето на терапиите ќе мораме да го вратиме назад доколку не најдеме фостер или дом.

Случајот го пријавивме во полиција!

Ве молиме доколку можете да помогнете со сместување или сакате да го вдомите контактирајте не во порака. ❤’

 

 

За жал ова не е единствен случај каде несовесните граѓани прават вакви монструозни работи врз невините суштества. И во самите коментари под објавата за ова кутре на Фејсбук можете да видите како и еден друг активист пронашол куче на кое му било исечени ушите. Ние се прашуваме само до кога ќе се случуваат вакви грозни работи и се надеваме дека овие кутриња ќе најдат дом и семејства што ќе се грижат за нив и ќе им биде пружено внимание, игра и љубов.

 

Оние што сакаат да помогнат, нека ја контактираат девојката што го спаси кутрето преку порака на Фејсбук.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button