Реклама
Интервју

Моника Коцарева: „Секоја девојка треба да поседува краток црн фустан“

Реклама

Уникатна, препознатлива, своја. Нашата дизајнерка Моника Коцарева  со своите колекции ги поместува границите од стереотипите и создава парчиња кои оставаат белег. Веќе пет години како работи нејзиното сопствено ателје како во нашава земја, така и во странство. По професија е М-р инженер архитект, а има завршено архитектура и дизајн на American College. Сака “оversized” или предимензионирани парчиња на гардероба во комбинација со патики.

Ве инспирираше ли нешто посебно во овој период, нов начин на живот за сите нас кој трае веќе една година?

Како дизајнер, инспирацијата ми помага во одржување на мојата креативност. Кога сме иновативни, ние сме во состојба да реализираме нови и уникатни идеи.

Главен двигател и инспирација ми беше желбата за опстанок во овој тежок период како и довербата на клиентите. Со мојот тим никогаш не престанавме да работиме на креативниот процес, само што овој пат беше прилагоден на ситуацијата, така што се фокусиравме повеќе на “ready to wear” колекции.

Маркетинг

Што според вас е потребно да се позиционираш и да успееш на светската сцена?

Талент . Според мене ако не ја поседуваш оваа особина нема да успееш ни на домашната сцена а камо на светската. После тоа следува упорноста. Само со упорност како и учење и прифаќање на грешките можеме да одиме напред. И клучно е тоа дека мора да се има некоја конкретна цел кон која ние ќе се движиме а нема да лутаме.

На пример нашата моментална цел на која работиме е ширење во соседните држави. Нашите креации може да се најдат во Албанија и Косово, а следна цел ни е Србија. Можеби за некоја година цел ќе ни биде и светската сцена…

Маркетинг

Каков тип на облека ве опишува? Во што се чувствувте најудобно?

Кога се работи за мојот стил тоа е тешко прашање. Мојот стил е мешавина од моите чувства и се што ме опкружува: пријатели, работа, градови што ги посетувам, филмови и сл. Но главно би рекла дека тоа е спој на улична мода и класика.

Акцентот кога го ставам на удобноста секогаш избирам “оversized” или предимензионирани парчиња на гардероба во комбинација со патики. На пример предимензионирана кошула со бициклистички или предимензиониран фустан. Така се чувствувам удобно а воедно и тренди и модерно.

Што е она што секоја девојка мора да го има во својот орман?

„Little black dress” . Ова е општо познато кај сите девојќи. Краток црн фустан може да го искомбинирате за секоја пригода. Дали тоа ќе биде со патики или штикли, со луксузен накит или со спортска јакна…

Колку модата влијае на карактерот на една девојка?

Модата треба да ја адаптираме на нашиот личен имиџ, не треба да го менуваме својот идентитет според актуелните сезони. Така ќе останеме препознатливи и свои.

Знаат ли македонците да ги следат Светските трендови?

Во Македонија на модната сцена сметам дека ни недостасува само храброст. Храброста е главен двигател во модата. Треба да се биде храбар за да се следат светските трендови.

Се работи исклучиво за талент, или и формално се имате образувано за да бидете моден дизајнер?

По професија сум Магистриран инженер архитект. Завршив на American College на одделот за архитектура и дизајн. Полето на дизајнот од секогаш се издвојуваше кај мене. По завршување на студиите се запишав на курс за моден дизајн. Желбата беше огромна за да си докажам пред се на себе си за што се сум способна со мојата креативност и упорност.

Вработив жени со многугодишно работно искуство во оваа област па така на мои 24 години отворив фирма која веќе 5 години успешно и не уморно работи како на домашниот така и на странскиот пазар.

Така да како заклучок на ова би рекла дека се работи за талент и упорност.

Како го негувате вашето лице? Дали можеби имате бјути рутина што ја повторувате секое утро?

Секако. Бјути рутината ми е иста и науто и навечер. Прво е чистење со тоник на Vichy (Purete Thermale) pa миење со пена на Clinique (Anti blemish solutions) и на крај нанесување на серум и хидратантен крем од италијанските производи на “WiQo” со исклучително добра формулација која и ја дава потребната хидратација и го подобрува хидро липидниот слој на кожата.

Кои се вашите омилени козметички производи?

За лице покрај тие што ги наведов во претходното прашање едни од фаворитите ми се Estee Lauder – Advanced night repair (серум) , Lubex anti-age eye intensive, Estee Lauder – The smoother universal perfecting primer.

За тело ги користам производите на Victoria’s Secret бидејќи сакам парфимирани лосиони и гелови за туширање.

Додека за коса незаменливите производи на Kérastase. На сите ви ги препорачувам да ги пробате.

Кога станува збор за шминки најчесто ги користам производите на Mac.

Што има секогаш во вашиот несесер?

Најчесто не носам несесери со мене. Во чанта имам секогаш кармин и молив за усни. А нешто без што не можам да излезам од дома а да не го нанесам е Dior – Pump ’n’ brow маскара за веѓи.

Кое е вашето животно мотно?

Секој ден живеј го како последен, живеј ги соновите, живеј ја секундата.

Имате ли посебна музика која ве инспирира?

Искрено најмалку се инспирирам од музика. Тоа повеќе може да е некој видео запис за некоја песна каде би заприметила нешто уникатно па да ми влијае на инспирацијата…

Што ве исполнува и прави среќна?

Работата секако бидејќи го работам она што најмногу го сакам и секој успех кој го постигнувам на професионално поле ме исполнува и прави среќна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button