Реклама
Холивуд

Моника Белучи се појави на црвениот килим и го украде шоуто – две феноменални изданија и дијамантска огрлица од 7.000.000 долари

Реклама

Убавата италијанска актерка позната е по своите неверојатни „all black“ комбинации, но и по тоа што и покрај годините во секое издание изгледа неодоливо.

Моника Белучи на црвениот килим во Кан се прошета во прекрасно црно издание од глава до пети и тоа за време на две официјални појавувања на преставувањето на филмот „Les Plus Belles Annees D’Une Vie“ во кој има мала улога.

Маркетинг

Но и покрај тоа што нејзината улога во филмот е мала, Моника беше главна ѕвезда на црвениот килим.

Фаталната Моника најпрво се појави во „custom made“ фустан од Диор кој за актерката го искрои лично директорката на куќата, Марија Грациа Чиури

Маркетинг

Покрај преубавиот фустан со струкиран појас и широко здолниште со А крој, посебно внимание предизвика и дијамантската огрлица во зелени сребрени нијанси во облик на крокодил и со потписот „Cartier“.

Слична огрлица од светски познатиот бренд Моника носеше и во 2006 година, а крокодилската што ја носи сега стана и експонат во музеите.

Се проценува на околу 7.300.000 долари.

И следното појавување на Моника беше феноменално. Таа овој пат во дневно издание се појави во свилен комплет кој се состоеше од панталони и блуза, со потписот на францускиот дизајнер Алекасндре Ваутиер.

Креацијата е со кимоно ракави и ремен кој неколку пати е замотан околу половината и врзан во панделка.

Моника целото издание го заокружи со преубави салонки со високи потпетици од Криситјан Лобутин и со препознатливиот стилски печат на дизајнерот – црвен ѓон.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button