Моника Белучи во Милано ги остави сите без здив
Убавата Италијанка на ревијата на модната куќа „Dolce & Gabbana“ се појави со кратка фризура со која ги изненади своите обожаватели.
Таа беше главна ѕвезда на ревијата на познатата модна куќа „Dolce & Gabbana“ која се одржа во склоп на Миланската модна недела. 54 годишната убавица блескаше во класично бело одело под кое носеше проѕирна црна кошула со која во преден план ги стави нејзините облини.
Но поради кратката фризура со каква досега ја немаме видено многумина не можеа да ја препознаат славната актерка. И кога посетителите и фотографите сфатија за кој станува збор, нејзиното модно издание веднаш падна во втор план, и сите се восхитуваа на новата фризура.
Во прашање е кратка боб фризура која одвај го покрива ушите, а нејзината долга, темнокафеава, речиси црна коса сега е минато.
Ова воедно е и прв пат познатата актерка да ја гледаме во вакво издание, а нејзината смела одлука и те како ни се допаѓа.
Што мислите вие?