Монаси и верници шокирани од познатата фолкерка – Христијанка сум, ја почитувам црквата, но..
Пејачката разочара дел од своите фанови?!
Пејачката Тања Савиќ пред неколку дена го објави својот нов албум со кој ги воодушеви своите верни фанови.
Но спотот за песната „Отац сузама мојим“ („Татко на моите солзи“) во кој една танчарка е облечена како монахиња, го шокираше свештенството и монаштвото, но и Православните верници. Посебно се изненадени што ваков чекор одлучила направи пејачка која во јавноста се претставува како верник, пишува „Курир.рс“.
Имено, во спотот се појавува монахиња која во текот на целиот спот игра како стриптизета, па спотот беше и пријавен на „Јутјуб“ од страна на верниците и многумина очекуваат истиот да биде забранет.
Принтскрин/ Јутјуб
Од друга страна новинарите на „Курир.рс“, контактираа и монах од еден манастир за да го слушнат неговото мислење.
Принтскрин/ Јутјуб
Според отецот Јован од манастирот Свети апостоли Петар и Павле спотот на пејачката во најмала рака е скандал.
Принтскрин/ Јутјуб
„Монахињите се наши сестри во Христа кои својот живот го посветила на Господ и постојано се во пост и молитва. Оваа пеачка ги скрнави во јавност и тоа е голем грев и затоа на неа и треба итно покајание“, вели монахот.
Тој потоа го додаде и тоа што Тања во јавноста се претставува како верничка и оди по манастири, а први вакви работи, што значи дека е „лажна верничка“, вели монахот.
Принтскрин/ Јутјуб
„Срамота! За џабе оди во Тумане ако ова е нешто што нејзе и е во срцето. Нашите сестри монахињи многу се потресени заради оваа снимка, но и многу верници“, вели монахот за „Курир.рс“ и ги повика верниците масовно да го пријават видеото за да биде избришано од Јутјуб.
Принтскрин/ Јутјуб
Тој на крајот и апелираше до пејачката да се врати на вистинскиот пат и сама да ја избрише оваа „срамота“, пишува Курир.рс.
Принтскрин/ Курир ТВ
Инаку, Тања со промоцијата на новиот албум со кој предизвика скандал одбележа 20 години кариера. Таа на промоцијата одговори и на критиките што претходно ги доби во врска со нејзиниот спот, истакнувајќи дека песната е за маж кој е толку голем измамник што дури и жена која што е монахиња би ја завел и продал. Како што вели самата, девојката е малку експлицитно облечена, но тоа било по барање на режисерот и нема долна облека, туку само халтери кои според неа се океј и сé е во границите на пристојноста, пишува порталот.
Инстаграм/ Тања Савиќ
Таа е свесна дека некои монахињи биле навредени и дека заради тоа спотот можеби ќе биде тргнат од Јутјуб, но како што вели, таа отсекогаш ја почитувала црквата, светињите и монахињите.
Пејачката претходно неретко објавуваше и фотографии и снимки на кои се гледа како ужива со семејството во споменатиот манастир Тумане за кој се верува дека молитвите на монасите им помагаат на верниците болни од опаки болести, но и на жените што имаат проблеми со зачнување да се остварат како мајки.