Момче од Македонија родено во Америка направи лом во Ѕвездите на Гранд – заради него се испокараа!
Пејачот од Македонија жестоко го скара жирито
Ѓорѓе Давид и Драган Стојковиќ Босанац жестоко се скараа во „Ѕвездите на Гранд“ во врска со еден натпреварувач од Македонија.
Станува збор за Омар Џафероски кој настапи во дуел со Емин Мујиќ кој прв пат се појави на сцената и не ги задоволи критериумите на жирито. Од друга страна, кандидатот од тимот на Ѓоле, Омар, „развали“ на сцената како и секогаш, а Босанац кој иако му даде глас, му упади и критика која очигледно го изреволтира неговиот колега.
„Емин е аматер и тоа се слуша. Што се однесува до вториот кандидат, строфата во втората песна кажа сé за тебе“, изјави Босанац.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
По ова следуваа коментарите на останатите членови на жирито, по што на крај дојде редот и на менторот на Омар, Ѓорѓе.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
„Не разбирам заради што му се замеруваат работи на Омар, ова е веќе втор пат од страна на одредени претставници на жирито. И тоа уште од почетокот Босанац тргна со штикла во ј*јца“.
„Омар, јас ти тврдам и потпишувам дека пееше како на плоча. Тоа му го направи и минатиот пат кога се натпреваруваше и пееше од групата Корни, јас ги преслушав снимките“ му се обрати рокерот на композиторот кој пак не го премолчи мислењето што прво не сакаше да го сподели.
Фото: Инстаграм/ Омар Џафероски
„Немав намера да кажам од проста причина затоа што знам дека би ја повторил оваа грешка која што ја имаше во строфата, не испеа ниту еден точен тој затоа што беше висок и се давеше долу и треба да му се објасни како се пее кога е ниско. Немав намера и друг пат нема да те критикувам, но тоа ќе те чини. А ти Ѓоле добро води сметка кога ги слушаш снимките очигледно не слушаш добро, му објасни Босанац.
По ова интервенираше Саша Поповиќ, ја прекина нивната дискусија и „топката“ и ја подаде на водителката.
Фото: Инстаграм/ Омар Џафероски
Инаку, Омар и претходната сезона учествуваше во шоуто, а потоа едно време беше во Америка, каде што е роден.
Фото: Инстаграм/ Омар Џафероски
Во претходната сезона од „Ѕвездите на Гранд“ кога триумфираше Македонката Славица Ангелова, Омар не постигна некој позначителен успех, па реши повторно да си ја проба среќата.
Фото: Инстаграм/ Омар Џафероски
Тој овој пат реши за свој ментор да го избере Ѓорѓе Давид иако сите беа сигурни дека неговиот избор ќе биде Марија Шерифовиќ.
Што се случи и зошто Омар го избра Ѓорѓе, погледнете тука >>