Момче на кого му се допаѓате НЕ може да го тргне погледот од овој дел од вашето тело – НЕ, не е она што досега сте го мислеле
Првите 10 секунди откако ќе се запознаат мажот жената ја гледа во нејзините усни, велат истражувањата.
И ако постои уште еден детаљ, тогаш лицето на кое му се допаѓате одвај ќе може да го тргне погледот.
Имено, резултатите спроведени на Универзитетот во Манчестер покажаа дека усните се најатрактивниот дел од женското тело.
Но постои и еден трик.
Во истражувањето учествуваа 50 мажи на кои научниците им покажале фотографии од различни жени, со кармин и без него.
Во првите 10 секунди мажите не го тргале погледот од розовиот кармин, во просек околу 6.7 секунди, додека црвениот кармин нивното внимание го привлекувал во просек околу 7.3 секунди, што е речиси цела секунда повеќе. Кога жената би имала кармин на својата уста, мажите на нејзините очи би посветиле просечно околу 0.95 секунди, додека за нејзината коса би „потрошиле“ најмногу 0.85 секунди.
Притоа, колку усните биле пополни, тие повеќе го привлекувале вниманието на посилниот пол.
Според докторот Џеф Бити кој беше главен автор на ова истражување, резултатите покажуваат дека токму усните претставуваат еден од најсензибилните делови на женското тело и дека ја играат клучната улога кога е во прашање сексуалната привлечност меѓу луѓето.
„Истражувањето укажува на тоа дека црвените усни и перципираната атрактивност на жените се уште се нераскинливо поврзани. Црвениот кармин се покажа како најмоќен фактор на привлечноста кој значајно ја зголемува визуелната фиксација“, заклучува Бити.